Пожар

21.08.2020 19:35

Еден мал пожар на цигарата в уста. Еден мал
скриен пожар во фустанот. Еден мал пожар
во зборот, можеби во гробот. Еден голем пожар
на брод среде океан. Еден во кој гори
Европа. Еден во кошница и среќа, еден во главата
на кобра, друг во броевите, во косата на кралицата,
на црковната порта. Може ли да се каже гори нашиот
роденден? Еден мошне мал во отровот, еден во
бактеријата и различната нечист што личи на
исушени солзи. Еден пожар во пожар, пожар
бабушка. Еден во книга, ракавица. Многу мали
и големи пожари што дошле од различни
имиња. Пожарот на Дубровник. Пожар во кој, како во
сон, гори целата земја. Пожар на дождот. Пожар
на каменот во јама. Убавата боја на пожарот. Исклучителниот
мир кој настанува сè кога ќе помине. Пожарот наречен жена.
Радоста на секое место, појава и време го стега
во себе пожарот. Заблеснатиот Хераклит, радосните болест
и смрт кои го познаваат огнот. Пожарот на животните и
на секое стебло, бетонот кој гори како лист
со песна на себе. Пожарот на ѓубриштата.
Пожарот на лудилото, лудилото на пожарот. Пожарот на цели градови,
на прашумата, книгата, мртовецот. Пожарите на војната и иднината
на кои ветрот им помага. Пожарот на космосот. Пожарот
на можното и неможното. Пожарот на цел еден ден
кој малку се подигнал од тлото и гори како мисла. Горат
возилата и секоја брзина. Пожарот на отсутните и присутните,
пожарот на неродените, на небото и меѓупросторот, на пустошот,
невиноста и гревот. Пожарот на кртечините. Ноќта гори од
најцрното, срцето гори, рајот гори, и сите горат во лонецот
на нељубовта. Пожарот на измамата, крајот. Нема рабни
пожари. Пожарот на календарите, историјата, узурпаторите,
светците, пожарот на влезот и излезот, информацијата и мирнотијата,
архитектурата, лавиринтот, пожарот на погледот, не сечие
детство и јазик. Пожарот на самотијата, пожар на дамна
изгореното. Во пожарот нема ред, нема неред.
Пожарот единственото заедништво.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото