Замислете: Град без автомобили

22.08.2020 11:50
Замислете: Град без автомобили

Како што коронавирусот полека ја заземаше целата планета, така во светските метрополи се сушташе еден необичен звук: шепотот на улиците кои веднаш беа ослободени од автомобилите. Одеднаш граѓните може да ја слушнат песната на птиците, ветерот, шушкањето на лисјата.

Од Њујорк до Њу Делхи се намали загаденоста на воздухот, се подигна и чорбестата ретка магла која ги покриваше највалканите градови на планетата и се покажа убавото сино небо.

Кога патиштата се ослободија од автомобилите се наполнија со можности. Ролшуите и скејтбордите се вратија во мода. Нагло порасна продажбата на велосипеди.

Но како што градовите полека почнаа да се отвораат, така луѓето почнаа да се прашуваат како ќе стигнат на работа. Многумина се се загрижени заради ширењето во јавниот превоз. Дали колата и е единствената опција? Како ќе најдеме место за сите? Во најголемиот дел на Менхетн, просечната брзина на сообраќајот пред пандемијата паднала на 11 километри на час. Во Мидтаун таа била помала од 8 километри на час. Тоа е само малку побрзо од обично чекорење и малку побавно од возење на велосипед.

Наместо да се вратат на зависноста од автомобилот, градовите би можеле да ја исправат својата најголема грешка: тоа што на автомобилите им подарија најмногу површина.

Пандемијата не треба да нè сопре. Нема премногу докази дека јавниот превоз е виновен за ширење на коронавирусот во Њујорк или во други градови. Доколку граѓаните носат маски и ако има доволен број автобуси, пешачки и велосипедски патеки за да се избегнат гужвите – превозот би можел да биде еднакво безбеден како и со автомобил, ако станува збор за ризиците за ширење на болеста. Во сите други мерки на безбедност, јавниот превоз веќе е многу побезбеден од автомобилите.

Верувате ли дека во вашите градови нема доволно автобуси за да се одбегне метежот и дека се премногу бавни? Дали е тешко да се најде место за пешаците? Тоа е така бидејќи сме зависни од автомобилите. И затоа градовите мора да ја планираат иднината со помалку коли, иднина во која да се има автомобил не е единствената опција, ниту најдобар начин да се отиде од едно на друго место.

Пред неколку недели почнав да разговарам со Вишан Чакрабарти, поранеше њујоршки функционер за урбано планирање и основач на биро за архитектура и урбанизам во Менхетн. Чакрабарти верува дека пандемијата им овозможи на градовите да ја намалат зависноста од автомобилите и дека Менхетн, местото кое можеби има најмалку автомобили во Соединетите држави е идеален за почеток.

Фирмата на Чакрабарти, позната како „PAU“, веќе извесно време работи на симулација што покажува како би изгледало да се живее во град без автомобили. Тие сакаат да покажат колку би би подобар животот во градот без автомобили. И сакаат да покажат колку би бил подобар животот во Њујорк со една мала промена: протерување на сите автомобили од Менхетн.

Нивниот предлог не би ги забранил сите моторни возила, туку само приватните автомобили. И натаму би имало место за возила за достава, брза помош, пожарникарите, полицијата, такси возилата. Но, приватните автомобили чинат толкав процент на сите возила на Менхетн што нивната забрана веднаш би го подобрила животот речеси на сите што живеат и работат.

Знаете ли што е грозно кај колите? Валкани се. Опасни се. Нивната изработка и одржување е скапо, ја униѓтуваат животната средина и кога се произведуваат и кога се возат. Секоја година, автомобилите усмртуваат околу 900.000 луѓе само во Соединетите држави – 40.000 страдаат во сообраќајни несреќи, а 50.000 повеќе од долгогодишна изложеност на загаден воздух.

Автомобилите заземаат премногу простор за да превезат премалку луѓе. Во многу градови особено во Америка ќе видите пејсаж кој е наменски направен за возење и складирање автомобили: бескрајни широки булевари и автопатишта каде се вози брзо; секој пат има паркинг места; продавниците имаат свои паркинзи; куќите се уредени околу големите гаражи во кои спијат колите; а на секој агол е нивната храна – бензинските пумпи.

Во Лос Анџелес местото за паркинг зазема поголема површина од целиот Менхетн. На тој простор би можеле да живеат милион луѓе. Во најнаселените градови, просторот е можеби најскапоцен ресурс. Зошто тогаш го подаруваме на автомобилите?

Без автомобили на улиците на Менхетн, приоритет би можел да има екстензивен систем на „суперколовози“ за велосипеди и брзи автобуски линии – систем со посебни ленти што би можел да понуди услуга која според капацитетот, брзината и ефикасноста би се приближила на метрото само со пониски цени. Елиминирањето на најголемиот број автомобили би го ослободило просторот за нови станбени единици и нови паркови подобрувајќи го здравјето, убавината и исполнетоста на животот во најголемата метропола во Америка.

Ова не е прв предлог за решение за автомобилите во Менхетн. Но она според се издвојува фирмата „PAU“ е визуелното доживување на сето тоа. Чакрабарти вели дека неговата фирма сакала, на ниво на секоја улица, да покаже колку би бил подобар животот за повеќето њујорчани. „Би било неверојатно така да се живее“, вели тој.

Секој предлог да се забранат автомобилите мора да изгледа неверојатно зашто во Америка авомобилот никогашне бил само средство да се стигне од точка А до точка Б. За многумина автомобилот бил симбол на влез во зрелоста, прашање на национална гордост и израз на слобода.

И јас долго ги сакав автомобилите. Мојот сегашен миленик е „Volkswagen golf R“ со боја на црвено јаболко, кој од 0 до 100 км на час забрзува за помалку од пет секунди. Но набрзо сфатив дека тој број е прилично бесмислен затоа што сообраќајот најчесто е толку густ што никогаш не возам побрзо од количка за голф. Ова е реалноста на возењето, секојдневното здодевно тргни – застани во сообраќајот, па проблемите со пракинг, па точење гориво; а многу луѓе го избрале тоа не зашто ги сакаат колите, туку затоа што тие се најмалку непријатен начин да стигнете некаде.

Ми се допадна предлогот на господин Чакрабарти затоа што се разочарав кога сфатив колку штета прават автомобилите, да не зборуваме за фрустрациите на одењето на работа со автомобил. „Uber“и „Lyft“ своевремено ветија дека ќе го намалат сообраќајот благодарение на тоа што помалку луѓе ќе ги користат своите автомобили, но се покажа дека ваквите сервиси само ја влошија состојбата во многу големи градови. „Тесла“ ги претвори електричните автомобили во мејнстрим предмет на копнеж, но најголемите фабрики и натаму најмногу заработуваат од џиповите кои просто голтаат гориво. Електричните автомобили не се покажуваат како лек за животната средина зашто и тие трошат ресурси, а ако заради нив повеќе луѓе ќе почнат да возат тогаш можеби нема да влијаат на вкупното намалување на загадувањето.

Кампањата против автомобилите веќе победи во неколку битки ширум светот. Станува збор за движењето кое бара да се намали површината што ја окупираат возилата. Многу места успешно им одзедоа на автомобилите делови од површините. Во последните години од мандатот на Мајкл Блумберг, градоначалникот на Њујорк, Џанет Садик-Кан, комесарка за сообраќај големи секции од градот претвори во пешачки зони, вклучувајќи го и Тајмс сквер. Беа направени и стотици километри нови велосипедски патеки. Улицата „Маркет“ во Сан Франциско е претворена во променада. А во Париз, градоначалничката Ан Идалго во центарот на својата кампања ја стави борбата против автомобилите. Во последните десет години, сообраќајот во Париз се намалил за 40 отсто; во јуни Идалго лесно победи на изборите.

Чакрабарти за свјот концепт често говори како за „улични делници“. Замислете дека треба да превезете 50 луѓе од еден до друг крај на Менхетн. Сите би можеле да ги ставите во еден автобус што значи дека би зазеле околу 40 квадратни метри уличен простор, што е големина на еден помал стан. Но ако сакате 50 луѓе да префрлите со автомобил и ако секој од нив вози сам ќе ви треба простор од 250 метри квадратни што е големина на една поголема куќа.

А автомобилите мора да се паркираат што значи дека трошат уште повеќе простор на улиците или во гаражите, ако сето тоа го соберете ќе добиете огромен број: освен 990 хектари од улиците на Менхетн, речиси 405 хектари, колку што е голем Централ парк, заземаат паркинг гаражите, бензинските пумпи, авторпералниците, вулканизерите и продавниците за автомобили.

Просторот кој им е посветен на возилата на Менхетен не само што е претеран, туку тоа е и нечесно кон милионите њујорчани кои немаат потреба од автомобил. Повеќе од половината домаќинства во градот не поседуваат автомобил, а оние што го имаат ретко го користат за одење на работа. Од 1,6 милион вработени кои секој работен ден доаѓаат на Менхетн (или коишто тоа го правеа пред коронавирусот), повеќе од 80 отсто патува со јавен превоз, најчесто со возови и автобуси, пешки или на велосипед. Само 12 отсто на островот доаѓаат со автомобил.

„Се чини дека навистина постои едно тивко мнозинство кое никој не го прашува за начинот на користење на јавните простори“, вели Чакрабарти.

Улицата „Маркет во Сан Франциско е претворена во шеталиште

Возачите во Њујорк добиле огромни делови на земјиште за слободно користење. Но не можат претерано да му се радуваат на тоа зашто главно се заглавени во сообраќајот. Фенменот на „индуцирана побарувачка“ вели дека колку повеќе земја одредите за автомобилите, толку возењето станува поатрактивно, па и сообраќајот ќе биде погуст,па ќе има и повеќе автопатишта – тоа е круг во кој нема победници.

Ако знаете геометрија, тогаш го разбирате и ова: ако сите возат, никој не се движи“, вели Брент Тодеријан, поранешен главен архитект на Ванкувер, во канадската држава Британска Колумбија. „Во ваш најголем интерес е пешачењето, возењето велосипед и јавниот превоз да бидат што е можно поатрактивни за другите зашто тоа значи дека ќе може полесно да возите“.

Како би се снаоѓале луѓето на Менхетн без приватни возила? Повеќето пешки, со автобус или метро; често и на велосипед, електричен велосипед, или скутер, или на некој иден лесен уред на батерии; а понекогаш ако баш мора со такси или Убер. Нешто од ова можеби не ви се допаѓа. Но тоа е само заради тоа што замислувате ситуација каква што е денес. Покрај автомобилите, секој друг вид транспорт изгледа малку страшно. Но одземете ја можноста за автомобил и сè друго ќе ви изгледа многу поубаво.

Според планот што ќе го претстави „PAU“, сообраќајот на Менхетн ослободен од автомобили би се намалил за околу 60 отсто. Отсуството на автомобили би им овозможило на пешаците, автобусите и велосипедите побрзо да се движат по Њујорк. Дене, автобусите од предградието до центарот патуваат за еден час и 48 минути. Со систем на брзи автобуси, без возила што би им пречеле, патувањето би траело 35 минути.

А бидејќи автомобилите владеат со мнозинството од светските градови, агитирањето за нивна забран делув речиси налудничаво и неразумно. Наместо отворен напад врз автомобилите, урбанистите треба да отворат фронт против зависноста од нив.

Чакрабарти сфаќа дека забраната на приватни автомобили носи и некои политички ризици. Но Менхетн е особено место. Тоа е можеби единствената локација во САД во која може да се изведе забраната.

Проекција на улица во Њујорк без автомобили

Извор: The New York Times

 


 

ОкоБоли главаВицФото