Што има внатре?

24.08.20 09:45

Во анимацијата насловена „Што има внатре?“, египетската дизајнерка Дина Амин (Dina Amin) ги расклопува секојдневните предмети за да покаже колку материјали и ресурси (пластика, метал, гума) се користат во денешното конзумеристичко општество.

Повеќето предмети прикажани во анимацијата (касетофон, стар мобилен телефон, фен) се застарени и неупотребливи, но материјалите од кои се направени го зголемуваат количеството на отпад.„Исто така, луѓето забораваат колку труд и знаење се вложени во изработка и на најмалите предмети што секојдневно ги употребуваат“, вели авторката.

Извор: thisiscolossal.com

 

ОкоБоли главаВицФото