Време е да си оди

25.08.2020 10:16
Време е да си оди

„А што е тоа што го сакаат/презрени со векови глуви и слепи?/Да се викаат луѓе“. Се потсетив на овие стихови на белорускиот поет Јанко Купала од почетокот на 20-от век, додека мојата земја ја потресуваат граѓански протести. Цели 26 години откако Александар Лукашенко дојде на власт, на првите и последни демократски избори во Белорусија и откако веднаш ја загуши обновата на демократијата по повеќе од 70 години на советска власт – белоруските граѓани првпат гледаат шанса за осмислена политика и остварување на своите права. Презрените со векови како да се разбудија.

Олга Шпарага, водечка белоруска политичка филозофка (со која работам на Европскиот колеџ на слободни знаења), ми ги опиша емоциите на своите сограѓани во телефонски разговор, минатата недела: „Луѓето се бесни и подготвени да одат до крај. Ова не е време за размислување, туку за акција“. Протестите избувнаа како последица на украдените избори на 9 август: изборната комисија прогласи дека Лукаѓенко освоил околу 80 отсто од гласовите, додека изгледа дека опозицијата постигнала убедлива победа. Згадени од лагите, граѓаните излегоа пред избирачките места и на улиците на мирен протест каде беа дочекани со брутални напади од полицијата, со солзавец и куршуми.

Ја прашав Олга за целите на протестот: „Првпат сите се обединети: левицата и старата опозиција. Се борат за основни човекови права, за владеењето на законите и уставот“. Навистина, целите на актуелните протести истовремено се скромни и сеопфатни: прекин на насилството, крај на диктатурата, точни изборни резултати и вистинската победничка на изборите, Светлана Тихановскаја распише нови избори.

Како Олга, многу Белоруси се организирале во мали соседски групи според своите избирачки места. Локалните набљудувачи барале објавување на нефалсификуваните изборни резултати (меѓународните мисии како ОДИХР, канцеларијата на ОЕБС за демократски институции и човекови права не биле повикани да ги следат изборите, наводно заради пандемијата). Се зборува за членови на одборите кои ги напуштале своите избирачки места. Барем во еден случај избирачко место било заклучено па граѓаните што се затекнале таму при гласањето ја прескокнувале капијата за да си одат дома.

Сепак значаен број на избирачки места во Минск и во помалите области ги објавиле точните резултати, кои сугерираат убедлива победа на Тихановскаја. Тој момент на отфрлање на тоталитарната лага – изненадувачки радикален чин на изговарање на вистината – јасно се гледа во вирално споделената снимка од избирачко место, каде членовите на избирачкиот одбор ги поставуваат резултатите. Средовечна жена ги лепи резултатите на влезната врата и нервозно се насмевнува под маската, како да ги голта солзите и стравот. Потоа ги прегрнува своите колеги додека собраните луѓе извикуваат: „Одлично завршена работа. Ви благодариме“. Вознемирени, членовите на избирачкиот одбор како едвај да сфаќаат што се случува.

Дигиталната компонента на револуцијата ги одржува локалните клекти на протестите за кои зборуваат Олга и останатите. Преку групите и каналите на апликацијата за пораки „Телеграм“, кои делумно ги водат централноевропските медиуми, како и популарни блогери, вестите, плакатите и насоките на протестот безбедно се ширеа, бидејќи Лукашенко го блокираше пристапот до интернет во различни делови од земјата по првата ноќ на протестите. Поголемте Телеграм канали потоа се поделиле на локални групи за организирање на терен, слично на стратегијата која ја преземаа Тихановскаја, Марија Колесникова и Веоника Цепкало во текот на изборната кампања.

Многу скептици од запад и од државите во регионот се прашуваат дали Русија можела да му помогне на Лукашенко и дали наскоро ќе се појават „мали зелени луѓе“ што ја најавуваат анексијата, како по соборувањето на Виктор Јанукович во текот на Мајдан револуцијата во Украина, 2014 година. Но паралелата со Мајден тешко дека држи. Белорусија нема длабока општествена поделеност на происточни и прозападни следбеници како Украина. Тоа значи дека мнозинството на нејзините граѓани, без разлика дали зборуваат руски или белоруски, дали се конзервативци или либерали – соединети се со една цел: соборување на диктатурата . Од протестите силно одекнаа обвинувањата за „геноцид на белорускиот народ“. Многумина ја евоцираат херојската белоруска историја на пркосните партизани, споредувајќи ги нехуманите постапки на полицијата со нацистичката окупација. Ако Мајдан револуцијата почна како движење кое ја сакаше Украина во Европа, белоруската револуција што е во тек, се фокусира на демократизацијата на државата и засега не се занимава со прашања за геополитички сојузи.

Со едноставни, разбирливи зборови и ставајќи ги настрана постоечките политички и културални поделби, новата белоруска опозиција – со женско лице – успеа да покрене протести со јасна и на сите блиска порака против државното насилство и полицијата. Малите ноќни собирања прераснаа во генерален штрајк и дневни собири од по повеќе стотици илјади мирни демонстранти што сериозно го вознемири Лукашенко. Наречита беше пораката на солидарност со демонстрантите, која во саботата ја упати белорускиот амбасадор во Словачка, Игор Лешчења: „Во согласност со уставот, народот на Белорусија е единствениот извор на власт во државата“. Додека сè повеќе претставници на режимот на Лукашенко, вклучувајќи ги и телевизиските пропагандисти, службениците на полицјата и политичарите се определуваат за вистината, се наѕира крајот на диктаторот. Можеби првпат во својата историја, Белорусија има шанска да стане „нормална“ европска држава. Дури и под диктатура, Белорусите се сметаа за дел од Европа. Сега конечно можат да го остварат тоа.

Извор: The Guardian

 

ОкоБоли главаВицФото