Повик за детска работилница: Како изгледа Грозовилата?

25.08.2020 18:02
Повик за детска работилница: Како изгледа Грозовилата?

 
Фестивалот на детска книжевност
ГРОЗОВИЛАТА ВО СТРАШНАТА ШУМА

Отвара повик за детска работилница наменета за деца на возраст од 6+ 

Ликовна работилница за цртање и илустрирање на ликот Грозовилата (самовилата), девојчето во Страшната шума.

Во ликовната работилница :

Ќе слушаме прекрасни приказни и ќе се заблажиме со чајни колачиња и ќе прославиме.

Подготвени за цртање и сликање се гледаме во паркот пред платото на МКЦ

петок, 4ти, септември, Време 17:00-18:30


Програма за работилницата:
17:00-17:15-Пречек
17:15-17:30-Вовед во работата
17:30-18:15-Илустрирање (цртање и сликање на Грозовилата)
18:15-18:30- Избирање на најдобрите цртежи, подарок сликовница за сите учесници

Максимум број на деца: 15
Пријавата е задолжителна на следниот маил:
nesovskidoro@gmail.com

*Настанот строго ќе ги почитува сите здравствени протоколи и сите учесници ќе бидат детално известени за истите.


Еден ден нешто чудно се случува во
Страшната шума. Со балон, на кој наместо кошница виси чајник, долетува едно непознато суштество. Мало е и мошне налутено. Облечено е во летно фустанче и носи шапка низ која наѕираат рокчиња. Тоа е Грозовилата, страшната самовила! Сите животни во Страшната шума се зачудени и возбудени од оваа неочекувана посета...

Грозовилата и нејзините пријатели ќе ги поведат децата на игриви и поучни авантури. Оваа приказна за пријателството и детските игри не е само топло и возбудливо четиво за децата, туку и за нивните родители.


Повеќе за фестивалот:
Друга приказна #5: Грозовилата во Страшната шума

ОкоБоли главаВицФото