АнимаMунди го пофали град Скопје за хуманиот однос кон комарците

26.08.2020 22:12
АнимаMунди го пофали град Скопје за хуманиот однос кон комарците

Здруженијата за заштита на животните, на чело со Анима мунди, им оддадоа признание на службите на град Скопје за покажаната грижа и посветеност кон создавање подобри услови за раст и развој на комарците.

Градоначалникот Шилегов се заблагодари до здруженијата кои ги препознале напорите што ги вложува неговиот кабинет во заштитата и опстанокот на комарците и најави дека и понатаму ќе продолжат да работат за нивно добро.

Експертите за животна средина велат дека град Скопје претставува светол пример за тоа дека комарците и луѓето можат да коегзистираат заедно без проблеми и сметаат дека еден ден ова ќе се учи во учебниците по ЗПО и биологија.

Извор:https://www.kooperacija.mk