Глутница

27.08.2020 10:44

Со лавон што е лав
борба да започнам можам,
в прегратка на тигар да бидам -
пак имам надеж за мојата кожа,
пред мечка стрвница, мислам,
не би ја дувнал лесно,
ни пред волк крвожедник веднаш
не би рекол дека сум в тесно.

Сè додека сум еден пред еден,
очи в очи, гради в гради -
вербата во мој можен успех
сè нови сили ќе ми всади.

Но пред глутницата надеж нема,
по неа само пустош зјае...
О, таа глутница, о, таа глутница -
па макар и од глувци да е!

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Пандалф Вулкански
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото