Македонија душата им ја вади на вредните и чесните

31.08.2020 08:50

Деновиве сретнав два примероци од еден подзаборавен ендемичен вид - љубезен келнер.

Толку беа љубезни и вешти во својата работа двајцата, што на моменти помислував дека се работи за скриена камера и дека некој сериозно се забавља дури ме гледа како се чудам.

Што им е заедничко на двајцата?

Нормално, не издржав и прашав!

Добро, дечки, шо е проблемот со вас?

И двајцата работат по три работи. Три!!

Рекоа, со една плата не се издржува.

Едниот е професор по физичко, фудбалски судија и келнер во елитен ресторан, а другиот службеник во банка и келнер во две скопски гостилници.

Македонија вработува?!

Не, дечки, не!

Македонија душата им ја вади на вредните и чесните.

Сум го пишала ова на 31.08.2016.

Денес како е?!

Ирена Ристиќ, Фејсбук, 31.08.20.