Винтиџ сликовници: „Роденденско патување“

31.08.20 11:36

Илустрациите за книгата за деца „Die Geburtstagsreise“ (Роденденско патување), издадена 1976 година се на германската уметница и илустраторка Моника Бејснер (Monika Beisner).

Родена во Берлин, студирала во Њујорк, а сега живее и работи во Лондон. За илустрациите на детски книги, Бејснер има добиено повеќе меѓународни награди. Освен книги за деца, таа ја илустрирала „Божествената комедија“ издадена во Германија и Италија и „Метаморфози“ од Овидиј.

Разбуди се, вечерта е прекрасна!

Говорот на дрвото

Јулија ја јава „роденденската риба“

Дрвото на ѕвездата  Месечина - Сонце

Систем за предупредување

Најголемите обожаватели на Јулија

Пристигнување на роденденската торта

Најубавите цвеќиња на Јулија

Бегство од француската кујна

Извор: 50watts.com