Транспарентност, вклученост и заштита на културното наследство - приоритети на министерката Стефоска

31.08.2020 13:36
Транспарентност, вклученост на сите фактори и заштита на културното наследство - приоритети на министерката Стефоска

Основна задача на новата министерка за култура, Ирена Стефоска, која официјално ја презеде функцијата, како што истакна, е заштитата на културното наследство, но и раскрстување со варварското однесување кон него.

Таа изјави дека ќе работи на обединување на знаењата за да ја одржи, како што рече, виталната врска на нашиот културен амалгам, на заедничкото наследство со современи и идни културни образовни, естетски па и економски практитки.

„Позицијата министер за култура на Република Северна Македонија ја прифатив како чест и уште поголема одговорност. Уште веднаш зборувам за одговорност и постајано ќе зборувам за одговорност, затоа што ми е совршено јасно дека ние како држава единственото нешто со што располагаме и со што можеме да бидеме препознаени и прифатени во светски контекст е културата. Таа наша култура, културата која ни припаѓа на сите е амалгам од соништата на сите наши предци“, рече мнистерката Стефоска.

Според неа, нашата култура е живата врска со нашата современост, таа нè прави она што сме и ги протектира насоките за нашата иднина.

„Затоа мојата задача како миинстерка во овој владин кабинет е посветеност во заштитата на културното наследство, недвижното, движното, нематеријалното и во таа смисла раскрстување со варварското однесување кон културното наследство бидејќи таквиот однос сите нас нè води кон пропаст“, рече Стефоска.

И транспарентноста на Министерството за култура и вклучување на сите фактори што ја создаваат културата, исто така, ќе бидат приоритети на новата министерка за култура.

„Ајде сите заедно и културни работници и граѓани да направиме нашата култура да свети како ѕвезда на балаканот и пошироко исто онака како што Медена земја свети и сјае низ целиот свет. Таа врска мораме да ја одржиме од едноставна причина што таа не прави она што сме. Ја завршувам изјавата со познатата мисла која вели: Ако сакаме да ја сочуваме културата морамае да продолжиме да ја создаваме“, рече министерката Стефоска.

 

ОкоБоли главаВицФото