Таткото што е

31.08.2020 16:49

Ве молам, кажете, имате ли
некаква татковска студија?
Дали таткото е тато мој
или судија за прекршоци е тој?

Мене татко ми строго ме чува
и везден ме испрашува,
и кога во школо сум пошла
и кога од школо сум дошла,
и зошто ова е вака
и зошто она е онака,
и зошто е ова овде -
зошто она не е онде,
и како сум смеела ова
и како сум смеела она,
и знам ли јас дека веќе сум голема
и знам ли дека веќе не сум мала,
„железен карактер“ во мене нема
а и не знам да му кажам фала.

И зошто не сум мислела
и како не сум пазела,
и што пак сум згазила
и како, како
и зошто, зошто,
и смеам ли, смеам ли,
и знам ли, знам ли?
Па затоа прашувам
таткото што е
Дали таткото е тато мој
или судија за прекршоци е тој?

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Книжевност
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото