Денес во центарот на Скопје почнува „Статуафест – Другото лице на улицата“

04.09.2020 12:40
Денес во центарот на Скопје почнува „Статуафест – Другото лице на улицата“

Фестивалот „Статуафест – Другото лице на улицата“ денеска и утре (4,5 септември) ќе се одржува на плоштадот „Македонија“ од 18 часот. Организатор е „Театроск“, со поддршка од Град Скопје. Годинава тема на фестивалот е коронавирусот, односно „Скопје во време на корона“.

„Целта на годинашниот фестивал е преку уличните живи статуи да прераскажеме во вкочанета слика, каков беше, а и сè уште е животот од март па наваму и што точно му се случува на нашиот град и државата, па и светот воопшто. Поставката на фестивалот во кој сите артисти ќе бидат идентични по однос на боја (што преносно, односно симболично означува душа – Tabula Rasa: сите сме исти под сонцето) да испратиме гласна порака преку молчаливата уметност – каков не сакаме да биде периодот кој следува, односно она што здравствените работници го нарекуваат втор бран“, соопшти организаторот.

За време на фестивалот ќе се спроведуваат сите протоколи за заштита од ковид-19 според мерките на СЗО и Министерството за здравство.

 

Слични содржини

Јавни простори / Култура
Јавни простори / Култура / Историја
Јавни простори / Култура
Јавни простори / Култура

ОкоБоли главаВицФото