Какво подлизурковство е да дадеш статуетка за хуманост на министер за здравство

06.09.2020 10:09

Какво подлизурковство е да дадеш статуетка за хуманост на министер за здравство и на директори на болници? Им дале признание за тоа за што си ја вршеле работата за која се платени? Ако веќе учиш за лекар, се подразбира дека самата професија е хумана. Мајка Тереза не била ни функционер, ни директор. Била негувателка. Толку не можеа да најдат баш никој по примерот на Мајка Тереза што бил хуман, без тоа да му биде работа?

Башка, ако веќе почнале да делат признанија само за директорите во Скопје, а им снемало статуетки на пример и за болниците во Штип, Битола, Охрид..., за матичните лекари, за техничарите што земаат брисеви, за лаборантите, за брзата помош, за медицинските сестри.... среќа што Филипче неговата статуетка ја посвети на сите здравствени работници.

Горан Михајловски, Фејсбук, 06.09.20.