Пура од морковче

07.09.2020 12:17

Се разбудило прасето мало,
сонце му запекло сало,
опавче му израсналo ко на слон,
и рогови ко на муфлон,
му израснале 10 уши магарешки,
со еден збор – смешки!
Смешки за сите, но не и за него,
зашто личело на прасе-лего.
Во подрум се скрило,
плачело прасето мило,
цивкало ко фудбалер ранет,
најтажно било тоа на свет.
Но, еден ден му тропнало на врата
животно чудно облечено во палто:
капучин со крилја ко на лилјак,
со крзно ко монголски јак,
со мустаќи силни ко средновековен цар,
кое му донело скапоцен дар
- вилинско коњче со лик на мачка,
намуртено и спремно за скачка,
со уши од кактус и нозе од лама,
а на главата – расцутена палма.
Прасето рекло: „Ура!“
и запалило пура.
Пура?! Пура од морковче,
ко шумски Гевара Че,
си наточило пиво од помија,
си искрцкало прасечка шија,
рекло: „Па што ако личам на играчка,
нема поради тоа да паднам в плачка!“,
го гушнало пријателчето ново
и заедно се качиле на кровот
на зајдисонце да уживаат мирно
под небото облачесто и ширно.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото