1025 hPa
93 %
0 °C
Скопје - Саб, 17.01.2026 01:59
_0.preview.jpg)
Во саботата, на 5-ти септември, во рамки на фестивалот за детска книжевност „Друга приказна“, се одржа книжевна работилница за деца насловена „Грозовилата приредува книжевна чајанка“. Интересот за работилницата беше голем и сите места беа брзо пополнети.
Идејата на работилницата беше негување на љубовта кон читањето кај децата и поттикнување на критичко размислување. Децата беа поделени во неколку мали групи во кои заеднички читаа, разговараа за прочитаното и раскажуваа сопствени приказни.
Работилницата се одржи во паркчето пред платото пред Младинскиот културен центар во Скопје, среде игривата инсталација уредена од уметниците Доротеј Нешовски и Ѓорѓе Јовановиќ.
Учесниците на чајанката заедно со книгите се послужија со чајчиња и чајни колачиња.
.jpg)
Некои од книгите за деца и сликовниците кои се читаа беа „Глувци и мачки наопачки“ од Луко Паљетак и Александар Иванов (Темплум), „Ѕвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“ од Билјана Црвенковска и Нита Муча (Чудна шума), „Грозовилата во Страшната шума“ од Јана Бауер и Керолај Тау (Артконект), „Сонувалко“ од Сања Михајловиќ-Костадиновска (Бегемот) и „Ѕверче од бои“ од Ана Лјенас (Сказнувалка).
Аниматори на чајанката беа Никола Гелевски, Билјана Црвенковска, Симона Спирковска, Искра Димковска и Доротеј Нешовски.
По работилницата, гостите на фестивалот имаа можност да го проследат групнииот концерт „Мојата омилена песна за деца“ во кој настапуваа петнаесетина домашни музичари.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)