1020 hPa
100 %
16 °C
Скопје - Сре, 18.09.2024 12:21
Мирна вечер во ресторан: го бев нарачал
Омилениот лосос во сос од лотос и магданос.
Накусо: накосо од мојата маса еден господин чепкаше нос
Како да врши откос: рудни наноси вадеше од својот нос!
Во директен пренос гледав: невиден принос, при нос!
Како носот на господинот да беше силос!
Во еден момент од носот се извади и кокос!
Се осетив, се разбира, предизвикан, повлечен за нос!
Си реков: каков е тоа, ви се молам, однос! Така, од нос!?
Та во миг на занос (или пркос) го фатив господинот за нос!
Убеден дека така добивам тактичка предност,
Му реков: „Доста беа носните заноси & наноси!“
Мирно одговори: „Се осеќам понижен, небаре гол и бос,
Господине, оти јавно ме ставивте во неблагопријатен сос.
Можеби за вас ова е штос (што ме повлековте за нос),
Но јас барам за навредата компензациски износ.“
Смирено одговорив: „Господине, работава не е штос,
А нашиот сооднос интензивно почнува да влегува во хаос.“
„Ме убедивте, господине; во знак на стабилизираниот однос
Би сакале ли да го поделиме, за десерт, кокосов од Барбадос,
Штотуку изваден од нос?“