Основни трошоци за живот на едно семејство во август - 33.538 денари

09.09.2020 12:33
Основни трошоци за живот на едено семејство во август - 33.538 денари

Потребите на едно домаќинство за храна, пијалаци, домување, хигиена, превоз, облека, обувки изнесувале 33.538 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за вредноста на синдикалната минимална кошница.

Најголем дел од средствата се трошеле на исхрана и пијалаци 41,81 отсто или 14.022 денари. Потребите за домување биле 10.780 денари или 32,14 отсто, за хигиена според минималната синдикална кошница биле потребни 2.366 денари, за превоз 2.466 денари, за облека и обувки 2.118 денари.

За култура во август едно домаќинство одвоило 1.066 денари или 3,18 отсто, а за одржување на здравјето 716 денари или 2,14 отсто.

Од друга страна пак, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2020 година, изнесува 26.867 денари.

 Извор: Мета.мк

ОкоБоли главаВицФото