Крај на непријатните брисеви: Новите тестови би можеле да дадат резултат за еден час

10.09.2020 00:39
Крај на непријатните брисеви: Новите тестови би можеле да дадат резултат за еден час

Научниците ширум светот забрзано работат на слдната генерација тестови за коронавирус, кои би можеле да го покажат резултатот за помалку од еден час, без тешка опрема или специјално обучени луѓе. Новите тестови, наречени „point-of-care” (брзометни) би можеле да се прават во лекарска ординација или дури и дома и би биле повеќе од добредојден напредок во однос на досегашните нелагодни брисеви од носот за чиишто резултати се чека по неколку денови.

Некои тестови веќе постојат на пазараот, но главно не се точни и лекарите избегнуваат да ги препорачуваат. Но новата генерација би можела да понуди попрецизни резултати, велат научниците, и со време на овозможат тестирање на кое било место. Па сепак, оваа технологија сè уште е во многу рана фаза и нема да им биде достапна на клиниките во Америка во следните неколку месеци.

Некои од тестовите во развој не се потпираат на брисот, туку на цевка со која се собира плунката. Други ги потопуваат примероците земени од пациентите во хемиски коктели кои ја менуваат бојата доколку детектираат гени на коронавирус.

За да се избориме со овој вирус, мора да тестираме колку што е можно пoголем број луѓе и што е можно почесто и резултатите да ги добиваме што побрзо“, вели доктор Зев Вилијамс од Универзитетот Колумбија во Њујорк, кој работи на истражување на тесто од плунка. Неговиот патент не би требало да ги обработува резултатите подолго од триесет минути.

Побрзите тестови би можеле да се користат во болниците, за итно да се скенираат пациентите на ургентните одделенија. Училиштата и компаниите би можеле да ги набават за да го следат здравјето на учениците и вработените. Некои тестови би можеле толку да се развијат што би функционирале како тест за бременост – секој заинтересиран би можел дома да провери дали е заразен.

„Колку тестовите бидат полесни за ракување толку ќе бидат и попристапни. И тоа ќе им овозможи на граѓаните да чувствуваат дека работите се враќаат во нормала“, вели доктор Амеш Адалџа од Центарот за здравје на Универзитетот Џонс Хопкинс во Балтимор, во Мериленд.
Повеќето дијагностички тестови кои моментално се достапни на пазарот трагаат по генетски материјал кој е специфичен за коронавирусот. ( во тоа се состои и разликата помеѓу дијагностичките тестови и тестовите за антитела, кои земаат примерок од крвта и покажуваат дали организмот во минатото имал присуство на короновирус). Најсигорната метода вклучува стапче за брис кое се става длабоко во носот, сè до назофаринксот, делот на системо за дишење во кој носната шуплина се сретнува со ждрелото.

„Во моментот кога ќе го видиш тоа стапче, си помислуваш дека нема шанси лицето да ти е толку длабоко. А се покажува дека сепак е“, вели Фернанда Фереира, виролог од Универзитетот Харвард.

Гените на вирусот мора да бидат екстрахирани од примерокот со користење на посебни хемикалии. Потоа материјалот се процесуира со помош на лабораториска техника која се вика „полимеразна ланчана реакција“ (на англиски јазик PCR): машината ги поставува различните температури за да го зајакне генетскиот материјал и на тој начин овозможува да бидат забележани и најмалите траги на вирусот.

Но брисевите и хемикалиите често недостасуваат, а инвазивното земање на примерок подразбира да имате и обучени здравствени работници. Покрај сето тоа многу центри за тестирање немаат PCR машини па мора да ги праќаат примероците во поголеми лаборатории, што значи дека можат да поминат денови, па дури и недели додека не се вратат резултатите.

Една такатика која би можела да заштеди време вклучува земање примероци од други делови на организмот, а не од назофаринксот. На пример од ноздрвите или грлото. Овие тестови се безболни, но не се секогаш прецизни.

Во Институтот Брод во Кембриџ, Масечусетс, еден тим користи техника која може да го копира генетскиот материјал на истоветна температура. Доколку вирусот е присутен, алатката за менување на генот, по име „Crispr“ предизвикува светење на содржината на цевката на бранова светлина која може да ја открие секој паметен телефон. Процедурата трае помалку од три часа и има успешност на детекција до 90 отсто.

Лабораториските експерименти како „Crispr“ се многу прецизни и имаат исклучително низок процент на лажно позитивни резултати, вели Кетрин Фраје, истражувачка која работи на развој на Crispr тестот. Молекуларната машинерија во тестот е специфична за новиот коронавирус и воопшто не реагира на сродните вируси.

Но тестот на доктор Вилијамс можеби е уште поедноставен: плунката се додава во веќе измешаниот сет на хемикалии и потоа се инкубира на 63 степени Целзиусови во времетраење од околу половина час. Доколку епруветата стане жолта тестот е позитивен. Тестот може да детектира и најмала количина на вирус. Процентот на лажно позитивни резултати на примероците е помал од пет отсто, се наведува во студијата која наскоро треба да биде објавена во целост.

Извор: The New York Times

 

ОкоБоли главаВицФото