1023 hPa
100 %
7 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 22:59
Негде во Алхамбра се сретнале нежна сребрена зебра и умна умбра кобра.
- Ти си стварно умбра или повеќе влечеш на кобалт? - прашала зебрата.
- Кобалт ултрамарин - рекла кобрата. - А тебе, зебро, ти се гледа ребро.
- Таква ми е сребрената ѕвезда, несреќна - одговорила зебрата.
- А имаш и набабрена вена.
- Ама немам на око мрена. И не сум умрена. Нит обесхрабрена.
- Те подбрал некој зебу? - прашала кобрата.
- Ме подбра еден абракадабар - одговорила зебрата.
- Типично за Алхамбра - рекла умбра кобрата. - Со опасните заби? Дабарот-жабар?
- Мажот на госпоѓата Абракадабра. Дабарот-жаба што дише на жабри.
- Знам за кобра што собрала таков дабар.
- Кобрата на која сè ѝ се собра?
- Аха - рекла кобрата.
- А јас знам за кобра што си се прибра. Разбра?
- А ти избра, зебро? Не ти треба мојата помош? - прашала кобрата.
- Така вели мојата алгебра - рекла сребрената зебра.
- Ти си храбра зебра.
- А ти со добра кобра.