Денови на квир кино и изложба за артивизам на Скопје филм фестивал

11.09.2020 13:53
Денови на квир кино и изложба за артивизам на Скопје филм фестивал

Втората вечер од 23-тото издание на Скопскиот филмски фестивал, помина во знакот на почетокот на програмата „Денови на квир кино“ која е дел од проектот Млади артивисти за промена поддржан од Министерството за надворешни работи на кралството Холандија. Оваа програма е дел од проектот Stichting art.1 и Меѓународниот квир и мигрантски филмски фестивал од Амстердам во соработка со Скопје филм фестивал. Раководител на проектот е Антониј Караџоски, а во реализацијата на програмата учествуваше и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Пред публиката која го исполни и последното седиште, се обратија Крис Белони, директорот на Меѓународниот квир и мигрантски филмски фестивал, кој воедно е и селектор на оваа програма и заменикот на амбасадорот на Кралството Холандија, Роберт Декер, кој ги истакна човековите права како клучен фактор за развој на демократијата и општеството.

Програмата започна со проекција на документарниот филм „Добре дојдовте во Чеченија“, за кој имаше голем интерес од фестивалската публика.

Во рамки на оваа фестивалска програма од 9 до 13 септември се одржува петдневна филмска работилница која вклучува практична работа за основните филмски техники и камера, развивање на индивидуалните идеи за филм, работилница за монтажа, а последниот ден и создавање на 9 кратки филма. Предавачи и обучувачи на оваа работилница се професионалци од филмската индустрија од Холандија и Македонија.

Во фоајето на Кинотека на Северна Македонија како дел од програмата „Денови на квир кино“ беше отворена и изложбата на дела кои произлегоа од работилницата за Артивизам. Во текот на петдневната обука, осум учесници научија како да го користат методот на Артивизам за да ја кренат свеста и да го зајакнат знаењето за човековите права и правата на ЛГБТИК+ заедницата.
Овие инспиративни млади луѓе користеа различни уметнички форми (илустрации, фотографија, анимација, итн.) да ги создадат своите постери.

Артивизам е употреба на уметност како ненасилна метода за промена на менталитетот, премостување на јазовите и соочување со важни општествени прашања што предизвикуваат поделени мислења.

Во наредните денови, фестивалските програми продолжуваат според најавениот распоред на проекци на отворено, во предворјето на Кинотеката, со почитување на сите мерки од протоколот за здравствена зашита.

Сите проекции се бесплатни.

Во галеријата на Кинотеката може да се види и изложбата на Зоран Кардула по повод 100-годишнината од ражањето на Федерико Фелини. 

Фотографии: Јована Савевска, Снежана Алексовска

ОкоБоли главаВицФото