Германската влада ќе поддржи стотина уметници со мали деца

12.09.2020 17:09
Германската влада ќе поддржи стотина уметници со мали деца

На 96 современи уметници кои имаат деца на возраст под седум години, германската влада ќе им додели шестмесечна стипендија од по 12.000 евра. 

Грантот, управуван од фондацијата „Bonn’s Stiftung Kunstfonds“ во вкупен износ од 1,1 милион евра е дел од огромната програма на германската влада „Neustart Kultur program“ (Културна програма новстарт), пакет стимулации од една милијарда долари, лансиран во јуни, за спасување на различни делови од секторот за култура.

На конкурсот за грант за родител-уметник, кој беше објавен во текот на летото, имаше толку многу пријавени што предизвика еднонеделно одложување на процесот на  одлучување на жирито. Речиси 850 уметници од целата земја се пријавија на конкурсот, а 11,4 отсто од нив го добија грантот, број што според директорката на на „Stiftung Kunstfonds“, Карин Лингл „е премногу низок“.

„Пандемијата тешко ги погоди родителите, особено ако треба да се грижат за мали деца од предучилишна возраст, истовремено трпејќи загуба на нивните приходи. Бесплатната уметничка работа е особено тешка во овие услови“, рече Лингл.

Уметниците ќе добиваат месечна плата од 2.000 евра во текот на шест месеци. 

Грантовите биле доделени не врз основа на потреба, туку повеќе врз основа на квалитетот на предложените проекти. Меѓу грантистите има и некои уметници од повисок профил, вклучувајќи го американскиот уметник, кој живее во Берлин Џејсон Доџ, како и Пабло Вендел, еден од ко-основачите на новиот уметнички центар Е-Верк (E-Werk art center) кој се наоѓа во близина на Берлин. Стипендија беше доделена и на Лерато Шади, чија самостојна изложба во моментов е дел од неделата на уметноста во Берлин, во центарот за современа уметност Киндл.

„Од една страна, поддршката е наменета за ублажување на прилично несигурната позиција на уметниците и уметничките институции“, рече Лингл. „Од друга страна - и што е најважно, го насочуваме нашиот фокус кон напред и иницираме алтернативни и напредни проекти. Исклучително сме свесни дека токму овие уметнички позиции ќе најдат начини да се надмине оваа криза“.

Германија доби глобално признание за дарежливата програма за помош на уметници и хонорарци чиишто услови за работи и живот се влошени поради пандемијата

Извор: news.artnet.com