„Себично“ - анимиран филм

12.09.20 17:55

Краткиот анимиран филм „Себично“ почнува со бенигна сцена во суши ресторан, но брзо се претвора во страшна проценка на загадувањето со пластика. Создаден од тајванската аниматорка ПоЧиен Чен (PoChien Chen), која работи во Канада, соодветно насловен, филмот започнува со готвач кој подготвува разни јадења направени целосно од отпаден материјал. Потоа се нурнува во вознемирувачка низа од факти и бројки за моменталната состојба на нашите океани и ефектите од загадувањето врз животинскиот свет.

Чен била инспирирана од посетата на мал остров во Тајван пред две години:

„Тоа беше најблизу до морето, на оддалеченост од само 10 минути возење. Секој можеше да ужива на плажата со белиот песок и тиркизен океан. Во тоа време, одев да нуркам скоро секоја недела. Ги гледав тропските риби и корални гребени Сепак, никако не можам да ги заборавам сликите на тони човечки отпад што лежат околу брегот како да се дел од природата“.Извор: thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото