Песна за расцутениот мај

14.09.2020 11:25

Шумскиот поет – Вол Витман

си направи нов животен план:

да не пишува песнички веќе

туку да одгледува ретко цвеќе.

Си посади тој разни орхидеи,

ги нареди во совршени леи,

ги полеваше со вечерна роса

и венчиња си правеше за в коса.

„Ах, цвеќиња прекрасни мои,

кој ли за вас сега стихови ќе крои?

Кој ли ќе ја опее убавината ваша

а притоа да не стори поетска каша?“

- шепотно праша шумскиот поет

додека мирисаше еден розов цвет.

„Баш ми е глуп животниот план,

што ќе ми е овој цветен џган?

Јас сакам стихови да кројам,

не можам веќе ливчиња да бројам!“

И една по една орхидеите ги скина,

ги прати на музи од Перу до Кина,

си појде дома, си направи чај

и ja напиша „Песна за расцутениот мај“.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото