„Змиско јајце“, 07.12.2010 вторник во ГЕМ

06.12.2010 16:10
The_Serpents_Egg.jpg

Филмот „Змиско јајце“ на култниот режисер Ингмар Бергман ќе биде прикажан во вторник (7 декември) со почеток во 21 часот во ГЕМ клубот. Ова брилијантно дело прикажува само една недела од животот на невработениот акробат Авел Розенберг во осиромашената Германија во периодот после Првата светска војна. Целата земја буквално се руши, германската марка е практично безвредна, невработеноста е огромна, Адолф Хитлер за прв пат се обидува да ја превземе власта... Авел почнува да работи во клиниката на професорот Вергерус каде ја дознава застрашувачката вистина зад работата на професорот.

Трејлер од филмот:

 

ПОВЕЛЕТЕ!