Поет во зоолошка градина

17.09.2020 14:06

Заедно се сета љубопитна младина,
Влезе поетот во зоолошка градина.

Поетски занесен се сопна од зебрата,
Притоа заработи копито во ребрата.

Држејќи се болно за градите,
Поетот гневно им мрмори на младите:

"Зебрата што копито ми дари,
Заслужува сал затворски шари!"

Пред зебрата, најживиот пешачки премин,
Поетот покајнички пропадна вземи!

Барајќи прошка за строфата гневна,
Ја чешка по вратот во топлата племна.

Разнежена од чешкањето зебрата стара,
На поетот му ја дари најдолгата шара!

Кај поспаното шимпанзо, како што е редот,
Се поклони поетот пред славниот предок.

Му запеа нежно: "Нани, дедо, нани,
Сонувај си палми и банани"!

За поетот е груба историска сплетка,
Предокот да му чмае зад решетка!

Очаен што мајмунскиот живот е пуст,
Низ солзи поетот проговори наизуст:

"Штом в кафез живеачката е трици,
Заминувам во лавовски вилици!"

Но, болно притоа нагазнат од слонот,
Скокна поетот тревожно од сонот!

Под поетот кревет, во аголот шкаф,
Ни слоновска шепа, ни заби на лав!

Под срцето сал душа му стутка,
Една тврда решеткаста грутка!

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото