„Копам копам копам“, ни викаше Паско Кузман

23.09.2020 11:17

Ги подигнавме материјалите за конкурсот за Плаошник 2. Возобновување на Свети Климентовиот универзитет. Во рамките на материјалите отсуствуваше прецизна документација за постојното археолошко наследство (којзнае колку и што е уништено со новиот проект!). Се јавивме во МИК да поставиме прашања, нè упатија кај Паско Кузман кој нè прими во својата канцеларија.

Прв пат го запознав. Несомнено занесеник во своите археолошки амбиции, на работ на стварноста, можеби и отаде стварноста. Колку памтам, ни одговори дека паралелно со конкурсот копаат за да можат да обезбедат повеќе информации. „Копам копам копам“, ни викаше Паско Кузман.

Познатата охридска силуета од кај Билјанини извори ја уништија, заедно со археологијата.

Битно копаа.

Мери Батакоја, Фејсбук, 23.09.20.