„На крајот“ - анимиран филм

23.09.20 13:04

Придружен со придушена музика, краткиот анимиран филм на францускиот аниматор Николас Лихтл (Nicolas Lichtle) насловен како „à la fin…“ (На крајот) е невообичаено етеричен приказ на кризата што достигнува кулминација во 2020 година.

Деликатната анимација тече низ серија на суптилно осветлени сцени кои се занимаваат со реакциите на Ковид-19, со пожарот на кризата што беснее низ целата планета и со бесконечното одвлекување на вниманието преку технологијата.

„Тоа е момент на интроспекција, многу интимен, исцениран низ низа мали моменти проткаени со поезија, апсурд и понекогаш надреализам…“, вели Лихтл.Извор: thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото