Решавање на заштита на културното наследство и осовременување на условите за работа, најави министерката Ирена Стефоска

23.09.2020 14:13
Трајно решавање на заштита на културното наследство и осовременување на условите за работа во културата, најави министерката Ирена Стефоска

Одговорност, заштита на културното наследство, обезбедување и осовременување на условите за работа на институциите, независната сцена и поединците во културата се приоритетните задачи на министерката за култура, Ирена Стефоска.

Заштита на културното наследство, санирање на штетата од проектот Скопје 2014, ревидирање на Колективниот договор, обезбедување услови за работа на културните работници, одбележување два јубилеја-50 години од смртта на Параскева Кирјази и 100 години од раѓањето на Блаже Коневски, отворање и затворање на поглавјето 26 од преговорите со ЕУ.

Врвен приоритет за Стефоска е грижата за нематеријалното културно наследство, со акцент на градот под закрила на УНЕСКО Охрид, потоа, црквата од 12 век, „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново и манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матејче.

„Клучниот документ што ги дефинира основите на нашата мисија во културата е Националната стратегија за развој културата за периодот 2018 – 2022 година, која беше изгласана во Парламентот пред 2, и пол години, со ниту еден глас против. Тогаш опозицијата беше воздржана што е и добар сигнал беше донесена и со еден вид премолчен консензус. Заштитата на културното наследство како национална меморија е приоритет на секоја одговорна влада, па врвен приоритет е суштинска грижа за недвижното, движното и нематеријалното наследство. Впрочем тоа од нас го бара Европската унија“, рече министерката Стефоска на својата прва прес конференција.

Врвен приоритет за Стефоска е грижата за нематеријалното културно наследство, со акцент на градот под закрила на УНЕСКО Охрид, потоа, црквата од 12 век, Свети Ѓорѓи во Курбиново и манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матејче.

„Црквата во Курбиново е од 12 век, што значи не е само наше културно наследство, туку е и светско добро. Ќе побарам таа да биде прогласена за културно наследство во опасност. Со тој статус ќе се мобилизираат стручните лица и меѓународни експерти, за трајно решавање на тој проблем“, истакна Стефоска.

Таа рече дека иницијатива за прогласување на културно наследство во опасност била поведена и за манастирот во Матејче, но сè уште не е одобрена.

Министерката за култура рече дека лично ќе ги обиколи спомениците од Втората светска војна за да види во каква состојба се. Таа порача дека антифашистичката борба е многу важна и дека младите генерации заслужуваат да живеат со вредностите на антифашизмот.

Најпрво ќе се изработи акциски план за заштитата на култуното наследство, а потоа и во другите сфери. Стефоска соопшти дека се работи на усовршување на критериумите аплицирање и за вреднување на проектите и програмите на годишниот конкурсот за проекти од национален интерес.

„Од исклучителна важност е во Собранието што побрзо да се донесе новиот Закон за јавен интерес во културата, во кој се менува и моделот за финансирање во културата“, рече Стефоска. Одговарајќи на новинарски прашања, министерката информираше дека првата фаза за заштита на Курбиново е веќе започната, јулските плати, според новиот колективен договор се исплатени во сите, освен во три институции.