Мојата недела како Циган

07.12.2010 12:17
Портрет на новинарот како млад Ром

Никогаш порано Ромите не се наоѓале толку многу во центарот на јавната дебата. Оваа година Франција депортираше 8.000 романски Цигани, но половината од нив веќе се вратија во Франција. Какви се нивните шанси да бидат прифатени во Романија? За да го откријам тоа, една недела живеев преоблечен како Ром: шапка, дречлива кошула, кожна јакна и сомотски панталони. Дури пуштив и мустаќи. Шминката не ми беше потребна бидејќи сум роден со темен тен.

Почнав на Универзитетскиот плоштад во Букурешт. Некои пијани студенти ми се потсмеваа, кажувајќи ми ги познатите романски довикувања од типот „ќути!“, „со среќа!“, „како си бе?“. Еден висок русокос тип ме фотографираше, потоа ги фотографираше купот шишиња на тротоарот, кучињата и питачите. Во неговиот компјутер, во неговата земја некаде во Скандинавија, мојата фотографија најверојатно ќе биде ставена во фолдерот „букурешко ѓубре“.

Сè додека имаш пари, тие се фини кон тебе

Подоцната истата вечер, отидов да гледам претстава во Националниот театар. Луѓето околу мене не беа баш многу воодушевенио што ме гледаат, но не рекоа ништо. Слушнав како некои млади момци повторно ми се потсмеваат – обично младите се најгруби и најпакосни кон Циганите. И секогаш ти се смеат зад грб. Нивните погледи болат повеќе и од злобното око на Никола Саркози. Имаме кампањи за интеграција и описменување на Циганите, но не и кампања за тоа луѓето да престанат да се смеат кога на улица ќе видат подгрбавен Циган.

Сепак, сето тоа можеш да го наречеш како сакаш, но не и да го наречеш дискриминација. Никој не ме исфрли од некое кафуле или од ресторан. Сè додека имаш пари, те пречекуваат со раширени раце. Не се циганите тие кои се жртви на дискриминацијата во Романија, сиромашните се вистинските жртви.

Циганите мораат да се движат во групи или да умрат

Сакаме Циганите да мирисаат добро, да ја ценат уметноста, но ниеден работодавец не сака да вработи Цигани. А без пари, Циганите или се осудени на сиромаштија, или се присилени да најдат неконвенционални начини да заработат пари. Се обидов на вообичаениот начин, се обидов да најдам работа. Ги гледав огласите во весниците за да најдам работа за неквалификувани луѓе, како миење или расклопување возила. На телефон ми рекоа дека сè уште има слободни места, но веднаш штом ме видоа, некои работодавачи директно ме избркаа („Губи се, Цигане!“), други со навреди („Знаеш, сега веќе никого не вработуваме!“). Дури и собирачот на ѓубре ме отфрли – девојката во канцеларијата зјапаше во мене под своите очила и рече: „Не вработуваме – и никогаш не сме вработувале“. Што најверојатно значи дека ѓубреџиите што се врткаа низ дворот најверојатно својата работа ја наследиле од нивните татковци.

Порано мислев дека има одредена солидарност, ако не меѓу луѓето, тогаш барем меѓу возачите. На излезот од Букурешт, ја продупчив гумата, повеќе или помалку намерно. Можев да ги прочитам навредите од усните на некои возачи, други ми се клештеа и свиреа со сирените, еден дури направи движење со кое како да се обидуваше да ме прегази. Бев сосема сам: стотици коли поминуваа веднаш покрај мене беа да застанат за да понудат помош. Тогаш сфатив зошто Циганите се движат во групи: ако бидат оставени сами на себе, ќе умрат!

Мора повторно да се родиме

Конечно една стара „шкода октавија“ застана и еден околу 50 годишен тип кој изгледаше беспомошно, облечен во извалкан комбинезон, излезе од колата. Во двете минути кои му беа потребни за да ја смени гумата, ми се отвори: „Те видов како бараш помош пред два саати. Те гледав во ретровизорот и ми падна жал што не застанав. Си реков на себеси дека ќе застанам ако сè уште си тука кога ќе се враќам назад. Па, дали направив добро дело?“ Одговорив поклонувајќи се со главата: „Да, господине“.

На враќањето назад кон Букурешт застанав за да наполнам бензин. Работникот во бензинската пумпа излезе гледајќи ме малку панично и праша: „Дали ја користеше пумпата број 5?“. Не, ја користев пумпата со број 4. Некои Цигани во кола со жолти таблички (таблички од колите купени во Германија кои речиси и не можат да се откријат) полнеле бензин од пумпата со број 5. Ми беше кажано дека наполниле бензин и заборавиле да платат. Се „измамив“ себеси дека и тие исто така се вклучени во необичен новинарски експеримент.

Овој текст се заокружува онаму каде што почна, на Универзитетскиот плоштад. Не верувам дека постигнав сè, дека успеав да најдам решение за прашањето на Ромите. Откако една недела бев третиран како Циган, имам намера да укажам на ѕидот од една стара куќа, каде некој верник напишал стих од библијата, Јован 3:7, во кој Исус вели: „Мора повторно да се родиме“. Во овој случај, тоа не е метафора.

Извор: Adevărul

Мислам дека треба да се

Мислам дека треба да се престане со оваа фама дека ромите се дискриминирани, на сите ни е јасно дека не сакаат да работат а покрај тоа се скарани и со образованието. Како може да биде вработен Ром (во една од најстарите кафани во Скопје еве ќе ја споменеме кај Жабарот) зар тој нели е дискриминиран ?? не тој е желен за работа и заслужено си ја заработува платата браво за него. Каде се останатите роми, секојдневно на јужен булевар гледаме лица желни за работа кои ги работат најтешките занаетчиски работи кај кои не постои некаква си расна дискриминација а кои се претежно од албанска и македонска националност ама едноставно ромите ги нема каде е проблемот ...

Кракер, ти си расистичка

Кракер, ти си расистичка будала. Има тони книги, историја, истражувања што на милион начини зборуваат за дискриминираноста на Ромите, ширум светот. Економска, политичка, образовна, културна, социјална дискриминација. Кај нас, на пример, Ромите тешко доаѓаат до граѓански статус, до лични карти, а камоли до школо, до болница или вработување.
За жал, во олку бедно и сиромашно општество, народот нејќе да ја глеа уште поголемата трагедија на комшијата. Да, бе, комши, не се дискриминирани. Супер им е. Сум чул дека у Скопје у една кафана има дури и еден запослен циган, седи пред веце. Значи, не ми серите приказни за циганите коа е познато дека Македонците се најбољи (а патем и најстар) народ на светот, што страда и пати од разни душмани.