Заблудата дека пластиката се рециклира

24.09.2020 13:13
Заблудата дека пластиката се рециклира

Деновиве ги погоди големо разочарување оние луѓе во САД кои се бават со собирање, сортирање и рециклирање пластика бдејќи самите спознаа дека всушност не ја работат работата за која се платени.

Имено, пластиката не се рециклира ниту приближно колку што самите луѓе кои работат во тој сектор мислат дека рециклираат. Значи, нетранспарентноста во секторот е толкава што луѓето кои мислат дека работат на рециклирање пластика, всушност служат само како одреден облик на сапрофит, после чија обработка пластиката се закопува и така после години рапаѓање се претвора во штетен микропластичен отпад.

Додека хемиската индустрија во САД се правда дека „не ја навеле намерно јавноста во погрешна насока“, реалноста е нешто поинаква. Индустријата се правда дека пластиката мора правилно да се обработи пред рециклирање (да се подели, исчисти, испере) и дека тоа е примарната препрека за нејзиното понатамошно рециклирање, но науката вели дека воопшто и не може секоја пластика да се рециклира – бидејќи во старт е изработена за еднократна употреба. Понатаму, и самото рециклирање на пластиката е скап и не баш нештетен процес, и трето, и најрециклирабилната пластика може повторно да се искористи само еднаш, после што треба да се закопа или спали.

Ситуацијата со Европа е значајно потранспарентна, особено во ЕУ. Сепак, тоа не значи дека бројките се подобри, тие се само проверени. Иако, како и обично, ЕУ е многу вешта во односите со јавност, па транспарентноста е завиткана во поместувањата остварени во последно време. На пример, обликувањето на текстовите на оваа тема во ЕУ често го содржат следниов распоред на информации: „за време на последните десет години, рециклирањето на пластичниот отпад во Еропа се зголеми за речиси 80%. Во периодот од 2006 до 2016 година количната на отфрлена пластика растеше со стапка помала од 10%, додека рециклирањето се зголеми за 79%, а закопувањето се намали за 43%“. Вниманието на читателите се насочува кон тој успех, но тоа зголемување и натаму е само просечно 40-ина проценти од вкупната пластика кој се користи во Европа. Значи, 80% зголемување од 40% рециклирање од 100 проценти вкупен производ е реално лош резултат. Но, нема врска, просечниот новинат ионака само ќе го види зголемувањето од осумдесет процени.

Потоа, после свртувањето на вниманието, одделите за односи со јавност во ЕУ имаат школски начин на камуфлирање на вистината со барање на „виновникот“. Па поголемиот дел изјави тргаат да информираат за количината рециклирана пластика во поединечните земји. А резултатите се речиси секогаш исти: „чистите“, „просветлени“, „еколошки“ земји од економскиот центар божем рециклираат и тоа до 80% од својата пластика – но всушнот само ја извезуваат (или порано ја извезуваа) во земји како Кина (а сег Бугарија) каде таа пластика потоа се спалува или се закопува. Скандинавија „чиста“, но последиците од нивните економски политики и понатаму завршуваат во нашата заедничка атмосфера. Проблемот никако не е саниран, но се води како статистика на друг континент. А баш како што формалните ЕУ дискурси од одделот за односи со јавност фино ги прикажуваат земјите од центарот во нереално светла визура, така и дежурните виновници се оние од економската периферија, па најмалку рециклирана пластика наоѓаме во Романија, Грција, Бугарија и Хрватска која наводно рециклира најмала количина пластика.

Извор: bilten.org