Цената на корона-вакцина – 5 до 15 евра

26.09.2020 08:33
Цената на корона-вакцина – 5 до 15 евра

Сју Миделтон, претседателка на Европскиот сојуз за имунизација, која деновиве одговараше на прашања во Комисијата за здравство на Европскиот парламент во Брисел, смета дека ова е соодветна цена за доза вакцина. Но, во досегашните преговори, кои се водат зад затворена врата меѓу производителите на вакцини и Европската унија, уште не е договорена фиксна цена.

Заменикот-шеф на фармацевтскиот производител Санофи, Томас Триомф даде уверување дека ќе постојат фер и ниски цени на идните вакцини, посебно за земјите во развој ќе биде утврдена за нив достапна, пониска цена. Но, колку точно ќе чини вакцината за коронавирус, сега уште не е можно да се одреди со поголема точност. Истражувањата уште не се напреднати во толкав степен за да биде познато точното дозирање на средството за имунизација.

Европската комисија склучи рамковни договори со производителите Санофи и ГСК, како и со АстраЗенека за лиферување повеќе стотици милиони дози корона-вакцина. Заклучени се и сондирачките преговори со натамошни производители на потенцијални вакцини. Но, досега за ниедна вакцина не е завршен процесот на тестирање и не е дадена дозвола за примена.

 Извор: Дојче веле