Дневни соби

26.09.20 10:01

Без оглед дали се раскошни или во минималистички стил, куќите што ги фотографира Јана Софија Ноле (Jana Sophia Nolle) го прикажува богатството. Плишаните килими го покриваат квалитетниот паркет од дрво, на вградените полици за книги наредени се изданија во тврд повез, а прозорците се високи од подот до таванот. Дури и празните простории со неколку скулптури и столици означуваат избор, наместо потреба и ја демонстрираат можноста просторија да се уреди само со значајни предмети.

Во рамките на овие живеалишта, Ноле контрастно реконструира засолништа на бездомни луѓе за да го прикаже растечкиот диспаритет меѓу богатите и сиромашните. Во нејзината серија фотографии насловена „Дневни соби“, која е претставена во книга, уметничката ги сместува засолништата на оние кои ги снашло бездомништвото во домовите на богатите луѓе во Сан Франциско.

Извор: thisiscolossal.com

Слични содржини

Фотографија / Психологија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото