Помош од јавни пари за казината!? Цинично, другови и другарице.

28.09.2020 12:03

Крајно е цинично да се поддржи бизнис чијашто дејност е генерирање несреќа, за да биде успешен.

Наместо да се регулира индустријата на игри на среќа, да се исфрлат казината и кладилниците подалеку од главните траектории во урбаните средини, од нив се прават вектори на пустошот.

Не само помошта, туку и парите што „играчите“ ги фрлаат на игрите на среќа, може многу многу подобро да се искористат, да придонесат за економското закрепнување.

Не се сомневам дека ќе дојде ден кога ова ќе им стане јасно на одговорните за располагање со заедничкото ќесе.

Лазар Попов, Фејсбук, 28.09.20.