Мутни приватни фаци ја откупија земјата македонска?

29.09.2020 11:00
Мутни приватни фаци ја откупија земјата македонска?

За да не мислам на згужвани идиоти што агресивно мразат безвеза, и то послаби од себе, решив да си помислам малце на оние незгужваните шо не нè фермаат, мање више ама ич, иако додуша се сметаат себеси за големи стопани, као и на теми шо се допираат до такви зајебани појмови ко земја, домовина и лебензраум, и комонз, а и можда да пробам да ѝ киднам на гледната точка на глутницата, гладна и тупикава.
Јебига и уводов ми е глуп и згужван, ал‘ ете се појавуат потреби за булажнење и ко се осеќаш ко такав, а поишемината само тад и никако другачије не се пројавуат да прогаламат на сценава, просто забезекнати шо се осмелиле да му се изнаебат матер на све живо и диво, па макар само у пис муабет, клетви и гадења, ако нишо друго. Мислам дека уше не сме дошле до тоа „другото“, па затоа сеа одма ќе ја олабаам малце и ќе се пребацам на главното.

Од мојот задњи престој у ГБ, иако можда не изглеа така, пошо нешо све дрвам за некои северњачки конурбации, ал‘ ипак најевокативни и најнавраќачки ми се сеќавањата од две кантрисајдовски прошедби: едната по течението на Клајд со гранитни ко отсечени водопади и права романтичарска уау природа, иако со свитемината ми цветни видови обележани со табли со латинските им имиња и други ботаничарски податоци. Да, у ЏиБи чак и пејсажот је спитомуван со векови и коа се шетуцкаш, иако никад у сељачка гужва, веома врло си свесен за хуманизираноста, па чак и искомерцијализираноста, на тоа восхитно уживање во природата. Оваа поред реката Клајд беше до „трезвениот раднички рај“ на социјалистичкиот предок Роберт Оуен у Њу Ланарк, Велшанец кој решил дека шкотска радничка класа највише заслужује његов спас, па им напраил ткајачници и предивни камени куќици у ретко леп крај јужно од Глазговот, ал морале да бидат трезни, јбг.


Другата беше поред реката Ворф у Северен Јоркшир, до разрушената Болтон Еби, мање више сите манастири у Британија се романтични рушевини отко Хенри Осми им ебал матер, и им зел све шо имале од богатствија, укључујуќи и 40% од енглеската земја шо попоите си ја биле пригушнале, и шо е некој вид рана национализација, па иако после доста од земљата прераздал на верни и послушни благородници, ипак главниот прилив го искористил за изградња на флота со која после ќерка му ја спичкала главната газдарица на Европа ондак, а и на Новиот Свет у зачетак, Шпањолската огавно католичка, и полека ја управила Енглеската на пут она да стане газадарица и на световчево и на браноите, ко шо си викаат они самите. Арно ама, сите сакаат да се замарате само со женскињето обезглавено на Хенри, заедно сосе попоите, римски.


Не ви турам слики, ако сакате побарајте си сами, ја само да додадам дека оваа вторава шетња веза нема со Болтон, град у конурбациската опфатна зона на Грејтер Манчестер, некад најголемиот ткајачки центар у свет, парламентаристичко дувло у сред ројалистичко опкружење за време на енглескиот граѓански рат, а исто и чартистичко дувло попосле, ал‘ сеа е малце мееех, ни месо ни риба, него шетњава е у близина еден задригли јоркширски вел-ту-ду конзервативен маркет таун по име Скиптон, и е на земја поседувана од Кавендиши, војводите од Девоншир, кои биле така фини да пуштат раја да шета и ужива у предивни крајречни крајолици, ко од сликине на Прерафаелитине. Одувек ми било криво шо Дигерите (руралните предци на анархистите) сосе Винстенли, се појавиле у досадњикавото Сари, да го копаат и садат тоа ничието земљиште, а не у прелепиот Јоркшир или Лејк Дистрикт.


Ал‘ да се вратам на Кавендиши, кои се меѓу тие на прстите од една рука аристократски богаташи у Енглеската, сосе краљицата, и се Англо-Нормани, иако здиплиле саксонско презиме, исто ко и фамилијата на краљицата шо се крие зад името Виндзор дека се Шваби. Е тие, Норманите, ви се пофранцусчени Викинзи шо од Нормандија ја испоосвоиле Енглеска у 1066, главната annus horribilis за мнозинството Саксонци, нешо ко Турциве сасве Косовската битка кај нас, с тим шо они си останале и до денешен си владаат и си имаат чак и десетвековни тапии.

Меѓу другите такви сајбии, односно најголемите земљопоседници у земљата енглеска, некои поголеми и од краљицата, се војводата од Бaклу и Квинзбери, војводата од Атол и веома млаѓахниот војвода од Вестминстер, отко недавнo татко му рикна релативно не-толку-стар, Хју Грoвнор, кој е посебно интересантан пошо ја поседуе земљата испод главнината на најскупиот Лондон и фамилијата му ја води Гровнор Естејт компанијата (сеа и меѓународна) од хиљаду шесто седамдест и некоја.

Зато и го шибнуам спотот за релативно новата ствар од 2016 на Ричард Ешкрофт, радничко дете од Виган, шо се прослави со Bittersweet Symphony и со Verve, кој шо спот сам си го снимал на имањето свое у Глостершир, исто прелеп крај кај шо се населуат главно медијски и уметнички успешни ликови, значи ипак нешо запечалил и покрај обидите на Ролингстоунз да им ебат матер за најславната им песма, ал‘ сеа видов дека го продава, можда ние клошарите со уметничарски склоности не знаеме како да поседуеме земља чак и коа иаме пари.

Еве и ја иам некоја сиќурија по беровско за која муж ми, ко енглески клошар безземљаш не ми дава ни да зуцнам пошо не сум отишла ни да ја видам у задњиве 40 години и не можам ни да ја најдам, иако само вејгли го знам правецот. Ал‘ то не ме спречи да се сецнам коа купуев грав од припадник од една од оние планинско-овчарски фамилии кои порано не се ни симињале у град и ко ми кажуеше дека потомците на В.Ќ. наш бифши угледен комшија у град, а негов горе на горАта, го продаваат неговото коџа големко имање на Кукута на потомците на В.В., чија фамилија беше имуќна и раније, ама и прераспределбава на имотов у земјава у транзицијава исто одлично им тргна и на државно ниво, па се питам дал‘ треба помалце да ме боли шо не се до толку преваранти ко шатро-фармацевтот шо го праи истото, акумулира имот по Малеш, или оној чак и судениот лопов од време Љубчово, Смиленски, кој ја умре Славија и закопуеше икснаесе фирми и земјоделски комбинати, баш ко некој економик хитмен ама врз сопствената раја, кој наводно ја поседуе целата планина Готен, шо ни ја овековечи у романче бифшиот ни културни министар, и ако му прдне, пошо изглеа си има уше рудичка, може да ја пришитне некому да ја сравни со земља и да но остави на нас глупи Малешевци со отруен месечев пејсаж.


Којзнае шо и дали ќе прибележуат наводно коруптивно скупите лаптопчиња на пописџиите оти знам дека има и каде-каде помрсни залаци по Македоњава кои се мање-више лапнати од многу малце, а многу несимпатични, дрчни људови, се сеќавам коа уше меревме улици со месеци, некои од нас сваки дан, а богами и се састанчевме, па така едно сабајле, каснам за некаков„ револуционарни“ састанак, па фаќам такси и у такси иде македонско радио со оглас дека тогашната влада шо никако нејќеше да падне го продава државното обработливо земјиште, ептен солидна површина, у рок од една недеља, после цел ден нигде више не можев да најдам вест у свези овега, сите беа зафатени да пратат што урла раја по сокаци, а сигурна сум дека продажбата била успешно извршена.

И така мене такви глупи ствари ме занимаат, као дали приватни мутни фаци поседуат поголем процент од домовинава у сооднос со големината нејна чак и од самите Гровнори и Кавендиши по Британската, или колку на никаков начин не ни се заштитени комонзите у фајда на нас голтарите, за можда на крај чак и да не можеме ни да си праиме селфи по природните лепоти, ни да си удараме рецки на планинарските каиши, а не па вода да пијаме, оти ќе биде "no trespassing, private property“ и све воа као ме интересируе, наместо да се занимам кој абдал поише исцицал незаработено бакшишче или дрпнал ситен кусур од бушен државен џеб, а посебно ако е од другата гребаторска банда, а не „нашата“.


Richard Ashcroft - They Don't Own Me (Official Music Video)

 

Слични содржини

Книжевност
Книжевност / Живот
Општество / Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Став
Книжевност
Никола Гелевски
Книжевност / Став

ОкоБоли главаВицФото