Руперт Мардок го продава Мајспејс

07.12.2010 13:36
Руперт Мардок го продава Мајспејс

Руперт Мардок е сè поблиску до продавање на Мајспејс бидејќи оваа друштвена мрежа му стана преголем товар од кој има само трошоци и мала корист.

Во 2005 г. тој го откупи MySpace за 500 милиони долари, но ја изгуби битката со останатите друштвени мрежи, пред сè Facebook и Twitter.

Пред еден месец Мардок ги објави деловните извештаи за својата корпорација NewsCorp, според кои Мајспејс му создал најголеми загуби, и уште тогаш најави дека размислува за негова продажба.

„Кога го купивме, Мајспејс заработуваше од тогашната експлозија на интернет рекламирањето. Во меѓувреме пазарот се прошири и почнавме да каскаме зад останатите. Загубите кои денес ги произведува оваа друштвена мрежа се неприфатливи, иако луѓето кои го водеа направија одлична работа изминативе години. Се разбира, свесен сум дека од продажбата нема да биде ништо ако не го редизајнираме Мајспејс“, изјави Мардок.

Само две години откако го купи Мајспејс, неговата вредност двојно се зголеми и во 2007 г. беше проценет на 12 милијарди долари. Во тоа време никој во NewsCorp. не размислуваше продажба на златната кокошка, но оттогаш нештата значајно се променија.

Последниве месеци Мајспејс бележи пад на посетите, додека главниот соперник Фејсбук бележи пораст. Ако во еден месец Мајспејс го посетиле 80 милони корисници, истиот месец Фејсбук го посетиле 151 милион, а Фејсбук има и 500 милиони корисници, што е за петпати повеќе од Мајспејс. Твитер има двапати повеќе корисници од оваа друштвена мрежа, па не чуди тоа што Мардок се откажува од „дигиталниот излет“.

Во опција е и спојувањето со некоја голема корпорација, како AOL или Yahoo, но ниеден играч не е заинтересиран за Мајспејс додека не се промени за да стане интересен за поголем број корисници.

ОкоБоли главаВицФото