Празнина

30.09.2020 09:32

Почина сопственикот
на куќата од стакло и тули.
Во дворот самеат
хеликоптерот под церада,
мотоциклот навален врз оградата,
двете кокошки стутулени
секоја на своја страна
и петелот
што се буди само себеси
(празнина, празнина)
прашувајќи се
што бара сѐ уште овде.

Низ умот му прелетува
сликата на улични проститутки
што се греат околу оган
дур клиентите во автомобили
вртат крукчиња околу нив
нагазувајќи на гаста,
а тој сосе кокошките
лета над нив кон смртта.
Празнина, празнина.
Сопственикот не ни стигна да го обезглави,
а петелот не си ја чувствува повеќе
сопствената глава.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото