Нобеловата награда за физика повторно за истражувањата на црните дупки

07.10.2020 16:37
Нобеловата награда за физика повторно за истражувањата на црните дупки

Најсилниот блесок на Х-зрак кој потекнува од црната дупка во центарот на Млечниот пат. Зрачењето е снимено со вселенскиот телескоп Chandra.

Нобеловата награда за физика е уште една потврда за големиот развој во областа на набљудувачката астрономија во последните две децении. Можеби изненадувачки, повторно е доделена за истражувањето на црните дупки. Наградата ја освоија тројца научници за нивната работа на формирањето на црните дупки и откривањето на супермасивна црна дупка во центарот на галаксијата: Сер Роџер Пенроуз, Рејнхард Генцел и Андреа Гез.

Црните дупки се формираат кога огромна маса е собрана во мал простор, како што се случува кога умираат масовни ѕвезди. Резултат е објект во кој гравитацијата е толку силна што ниту светлината не може да избега, , што значи црните дупки се невидлии, додека за далечните набљудувачи изгледа како времето да е запрено во областа околу неа. 

Професорот Пенроуз, британски математичар на Оксфордскиот униерзитет, го освои својот дел од наградата за употребата на иновативни математички техники со кои се докажува дека формацијата на црните дупки е неизбежна последица на Ајнштајновата генерална теорија на релативност, и оттаму навистина може и да постои.

Неговиот пресвртен труд, објавен во 1965, би претставувал изненадување и за самиот Ајнштајн кој самиот во труд во 1939 изјавил дека „црните дупки не постојат во физичката реалност“.

Помеѓу останатата понатамошна работа, Пенроуз се здружил со Стивен Хокинг и создал нови идеи околу тоа кога се формираат нови гравитациски сингуларности – тоа се точки на бескрајна густина најдени во центарот а црните дупки.

Професорот Генцел е германски астрофизичар, директор на Институтот Макс Планк за Екстратерестријална физика, додека професорката Гез работи на Одделот за физика и астрономија на Универзотетот во Калифорнија, Лос Анџелес. Заедно, Гензел и Гез беа наградени за потфатот во кој ги свртеа телескопите кон нашата галаксија и открија, набљудувајќи го двжењето на ѕвездите, докази за супермасивен објект во центарот на Млечниот пат, во областа наречена Стрелец А, за кој експертите велат дека единствено може да е црна дупка.

Особено е прекрасно што наградата ја доби и жена, Андреа Гез, само четврта од повеќе од 200 добитници досега. Од друга страна, професорот Генцел е можеби најмалу познатото име за пошироката јаност, но е една од клучните фигури во вангалактичката астрономија. Генцел е еден од втемелувачите на целата областа наречена модерна милиметарска астрономија. Освен што истражува што се случува во срцето на Млечниот пат, Генцел дал голем придонес во откривањето на гасот во оддалечените галаксии користејќи интерферометри.

Андреа Гез и тој користеле различни техники на инфрацрвени набљудувања кои покажале колку е важно да се разбере прашината во вселената за да се потврди постоењето на црните дупки во центарот на Млечниот пат. Во октомври 2002 година меѓународниот тим на истражувачи предводен од Генцел објавил анализа на десетгодишното движење на ѕвездата наречена S2 која се наоѓа во самата близина на црната дупка. Подоцнежните долгогодишни истражувања на движењето на ѕвездите во средиштето на нашиот Млечен пат (на помалку од 1 парсек) покажале дека црната дупка во центарот на нашата галаксија има маса поголема од 4 милиони сончеви маси, а дека непосредно околу неа се наоѓа густо јато млади ѕвезди, феномен кој ги интригира астрофизичарите веќе подолго време.

Приспособено од The Guardian ; Дарко Доневски