Убава цел е да не си мета (афоризми)

10.10.2020 11:29
Убава цел е да не си мета (афоризми)

Убава цел е да не си мета.


Не сака да го тепаат. Од чисто пацифистички побуди.


Многу сум ви благодарен, денес ништо не ми направивте.


Бунда му ветија само под еден услов - да го одерат.


Не ловете крупни ѕверки, меѓу нив се ловочуварите.


Ја сфати сржта откако му фрлија коска.


Кога застана на свои нозе, сфати дека ги има четири.

За мито не постои сито.


Многу е чесен, едвај го купивме.


Отворен е само кога треба да прими нешто.


Залудно ја соблече робијашката облека, душата му беше во риги.


Гледано од аголот на затвореникот, зад решетките е слободата.


Човекот е невин сè додека не сретне друг човек.

Како и да го фрлиш паѓа врз друг.


Ти ѝ даваш прст, таа сака - бурма.


Без сиромашните светот би бил уште посиромашен.


Кој сè не се гости врз широките народни маси.


Најтешко е да стоиш зад себе.


Подобро гол живот, отколку лудачка кошула.


Илустрации: Francesco Ciccolella


 

ОкоБоли главаВицФото