Празни порно сетови

12.10.2020 14:52
Празни порно сетови

Снимана во текот на една декада, серијата „Празни порно сетови“ од фотографката Џо Бројтон нуди поглед зад сцената на фантазиските порно сценографии. Откако случајно нашла работа како асистент во порно студио во раните факултетски години, Бројтон со прекини работела на различни позиции во студиото, дури и живеела таму одреден период.

Работејќи како чистачка, фотографирала ноќе и гидокументирала празните сценографии речиси целосно испразнети од каква било индикација за нивната дневна употреба, освен неколку мали траги: долна облека немарно фрлена настрана, понекоја секс-играчка или порнографско списание, рефлектор во ќошот. Без телата фотографиите ја прават очигледна фабрикуваната реалноста на целото порно искуство.



„Ги гледав сетовите на дневна светлина и расчистувањето на нередот подоцна делуваше малку како чистење на локација на злосторство“, вели Бројтон. „Чистењето на неизбежните телесни течности ми ја поттикна свеста за сопствената телесност и за ранливоста на моделите кои играле пред камера тој ден. На крајот, сепак, го учев сопствениот занает, обидувајќи се да ја разберам светлината и како добро да фотографирам.“















Извор: https://www.booooooom.com/

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Настан / Филм
Фотографија / Уметност
Фотографија / Екологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото