Сестра

14.10.20 13:59

Максим Кардол (Maxime Cardol) е холандско-канадска фотографка која живее и работи помеѓу Амстердам и Лондон.

Инспирирана од врската помеѓу две сестри, Кардол почнала да работи на нејзиниот проект  насловен едноставно - „Сестра“.

Таа ги истражува различните видови врски помеѓу различните парови сестри преку процесот на портретирање.

„Секогаш кога сум покрај нив, се чувствувам опуштено, како да сум дел од нивната врска, од нивната мала заедница“, објаснува таа.

Во партнерство со нејзината агенција „Czar“, таа вели дека ќе продолжи со оваа фотографска серија бидејќи има уште многу неоткриени приказни за динамиката и односите помеѓу сестрите. 

Извор: booooooom.com

Слични содржини

Фотографија / Психологија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото