Знаат ли бугарските политичари како се градеа мостовите во ЕУ меѓу соседните народи?

15.10.2020 09:29

Замислете си што ќе стане од Балканот кога и другите соседни народи би се однесувале кон Македонија по примерот на Бугарија? Веднаш би се нашле пред нови Балкански војни! Ако сте Македонци, можете ли да поверувате дека имате сродност со Бугарите? Со тие кои безмилосно ја ползуваат неволјата за да ве уценат? Се однесуваат ли така пријателски народи едни кон други? Ќе си посакате ли таков сосед, кога би се доселиле во нова средина? Знаат ли бугарските политичари како се градеа мостовите во ЕУ меѓу соседните народи? Да почнеа Аденауер и Де Гол со уцени и блокади, никогаш немаше да дојде до прочуеното француско-германско пријателство. Да не беше визијата и личното достоинство на Вили Брант, немаше да се отвори патот на кој две децении подоцна паднаа сите ѕидови помеѓу Истокот и Западот!

Кица Колбе, Дојче Веле / Окно, 12.10.20.