Просо за птици

15.10.2020 09:39

(памучна, истуткана песна)
на Оливера Ќорвезироска

Растегнато на хоризонтот
небото блескаше
небаре има невидлив сокол на рамото
се појави и ограда од питома зеленика
и ниска, обична мала куќа
(од оние правени по скопскиот земјотрес)
прозорецот – ширум отворен
масата под него – стежната од учебници и тетратки
зелената свила на ветрот
ми се беше свиткала околу вратот
мирисаше на вртипоп
кајсијата беше полна со мали, зрели боски од кајсии
наеднаш станав од столчето
и во фустанот од кафеава свила и бели точки
во кломпи
застанав од другата страна на рамката
тревата ми се радуваше
светлосиното небо се разменуваше со светлозелените очи
ова е само едно од утрата што ми се случуваше секое утро
татко ми сечеше леб
а мајка ми во кујната правеше мармалад од кајсии
сакав нешто да им кажам на обајцата
некои зборови толку поинакви
етерични, пеперугасти, разлетани, расцутени
поради кои триесет години потоа ќе пишувам песни

2.
А претходната ноќ останав на постелата
во тој фустан легната, со очите ширум отворени
до тоа утро
ама нешто ме додржа на нозе
се вратив во собата
и во првата тетратка што ми се најде
свртена одопаку
напишав неколку чкртаници
просо за птици
и храна за кибрит и оган

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото