Случај „Македонска пошта“, реакции

15.10.2020 13:43
Случај „Македонска пошта“, реакции


Владимир Трајановски

Ако генерацијата на АСНОМ создаваше и развиваше, генерацијата на Заев, Груевски, Ахмети, Шекеринска, Љубчо Георгиевски, Бучковски... - ќе остане позната по приватизирање на државниот капитал и најголемите (или круцијални) јавни претпријатија. Новите сопственици вршат реорганизација, намалување на вработените, кратење на секундарните дејности и за брзо време дотогашните загубари стопанисуваат со успех. Нашите политичари овие претпријатија ги користеа, и сè уште ги користат како место за вработување партиски кадри. Дури се приватизираат и продадат. Загубите веројатно ќе ги преземе новиот партнер или сопственик.

Во својата изјава премиерот денес кажа дека „земјите со кои се натправаруваме се со приватни пошти или со пошти со доминантно приватен капитал“.

Само да го потсетам: Pošta Slovenije е друштво со ограничена одговорност во 100% сопственост на Република Словенија; Hrvatska pošta е државно акционерско друштво; ΕΛΛΗΝΙΚΑ ΤΑΧΥΔΡΟΜΕΙΑ Α.Ε. е државно поштенско претпријатие; ЈП „Пошта Србије” е јавно претпријатие во државна сопственост; „Български Пощи“ e државно акционерско друштво, исто како и Posta Shqiptare; JP BH POŠTA е друштво со ограничена одговорност во државна сопственост.


Божидар Божиновски

Владата ја продава Македонска пошта.”

Не можи владата туку-така да продава нешто шо е на ДУИ.

***

Владата покрај поштата ќе ја приватизира и железницата, ТЕЦ Неготино и Еврокомпозит.

Шо да не, ионака ова е приватна држава на три партии и нивните олигарси. Тие вработуваат во државно и администрација ко да е нивна фирма, тие делат тендери на свои ко да се нивни пари, тие распродаваат сѐ на нивните олигарси, нивните локални шерифи решаваат дали и како можиш да работиш...

Место Северна појќе ќе одговараше името ДООЕЛ Македонија

 

Кирил Арсов

Полошо од државен монопол е само приватен монопол. Но, кога веќе живееме во пазарно општество (за жал или за среќа, кому како му одговара, ова го наведувам за да ја избегнам идеолошката дебата колку е можно), сметам дека Македонски пошти мораат да добијат сериозна конкуренција, а конкуренција речиси по дефиниција подразбира приватна иницијатива. Особено поради фактот што со години работат со загуби кои се покриваат од буџетот, средства кои наместо да одат во култура, образование, здравство, наука... одат за покривање на дупките кои ги остава лошото менаџирање, поради тоа што, знаеме, кутрите Македонски пошти ги јаваат партиски кадри и превработеност, кој како стигне.

Деливеринг бизнисот е бизнис на иднината кој уште сега зема силен замав. Во развиените држави има најмалку десетина конкурентски фирми кои се натпреваруваат за колачот кој станува и во иднина ќе станува поголем и, следствено, ќе остава можност за уште поголема конкуренција.

Со целиот ризик да бидам прогласен за апологет на неолиберализмот, велам да за приватизација на Македонски пошти. Со оглед на погоре кажаното, а особено во врска со дубиозното менаџирање од страна на партиските кадри, тоа е според мене најпаметен чекор и во целата дебата на темата забележувам идеолошки флоскули кои лебдат над реалноста.

Инаку, се сметам за левичар, но не сум заробен од левичарски догми, некои од нив, ако не и сите, потрошени катастрофално неуспешно во минатиот век. Од друга страна, во дебати со либертаријанци (кои, забележувам, и самите делуваат догматски, малтене ко следбеници на секта) редовно сум прогласуван за глупа комуњара. Би го цитирал Стојан Аранѓеловиќ од култниот "Тетовирање": "то ти је живот уметника, једни те проклињу, а други славе", мада у случајов од обете страни сум проколнат.


Миша Поповиќ

Прво независна ревизорска куќа, па ОЈО да прочешла во Пошта, некој у затвор да оди, па после отворете дебата за јавно приватно партнерство. Ама после.


Јана Куновска

Сите знаеме дека поштата одамна е отидена у курац, туку дали некој ќе одговара за тоа?


Билјана Котевска

Каква транзициска фора - упропасти па продади.


Владимир Лукаш

Ќе ја продаваат Македонска пошта... Па што очекувате од влада што ја испразни државната каса на култура и образование? Мора некако да се пополни дупката во буџетот, неблагодарни уметници и просветњаци!

Бранимир Јовановиќ

Тоа што сакате да ја продадете Пошта само покажува колку ви е гајле. И за Пошта, и за државата, и за луѓето. Да, знаеме дека работи со загуби. Знаеме и зошто. Затоа што поставувате за директори неспособни и незаинтересирани партиски кадри, кои гледаат само како да стават повише во својот џеб. Ама ако ви е гајле, ќе ја средите. Ќе направите да работи со добивка, како што работат сите други пошти во светот. Тоа и не е толку тешко, со оглед на нејзиниот имот и нејзината доминантна позиција на пазарот. Треба само да се сака. Ама не, не се сака. Не се сака сите изминати 30 години. И после зошто државата пропаѓала и зошто луѓето се иселувале...


Мирјана Најчевска

Вака се распродава општото добро. Нашето. Вака не крадат.

Ќе ги депрофесионализираат институциите, ќе ги претворат во легло на лепачи на плакати, ќе ги обесмислат и ќе ги продадат.

А ние си молчиме.

Како кленови.

А на пазар ко ни украде некој пет денари ќе се дереме како да не дере некојод малото прсте нагоре.


Катарина Синадиновска

Македонска пошта е единствен (!) пример во Европа каде што вакво претпријатие и оваа дејност е во директна владина сопственост! Единствен!

Македонска пошта има 2265 вработени со што е меѓу најголемите работодавци во земјава, а тоне во милионски долгови. Услугите се ужас.

Сериозни истражувања има дека со дел од платите на овие вработени со години се финансира ДУИ, да не зборувам за мал милион скандали.

Па се утепавме од пишување за либерализација на овој пазар (што патем е услов од ЕУ)!
Со години се лажат странски компании, EУ, домашна и странска јавност.

Во 2008 ееееј 2008 формиравме Агенција за пошти за да го регулира пазарот, оти кај и да е ќе се либерализираше.
Агенција имаме (сосе директорка, да), а пазар немаме.

Ама нееее.... денеска жалопојки, оф леле мајко, ќе сме ја продавале Пошта, пусти ние, леле каква загуба...
Го следите ли воопшто случајот?

Неверојатна јавност е ова. Неверојатна!

Damn if you do, damn if you don't!


Боби Илиевски

Поштата требаше да се приватизира пред 20 години.
Таа стана криминилно гнездо на партиски војници.
Се случуваа “неразјаснети” кражби и пожари.
Услугата е катастрофална и неефикасна.


Иван Календар

Дали сте за влез во НАТО и ЕУ со прифаќање на приватизација на поштата?

Реакциите се преземени од Фејсбук