Верно се служи со татковината (афоризми)

16.10.2020 11:40
Верно се служи со татковината (афоризми)

Верно се служи со татковината.


Тиранинот инсистира судбината да му се чита од - тупаница.


Дури откако му истече мандатот видовме дека сме до гуша во вода.


Смртта на тиранинот е незгодна. Мора да се чека тој лично да ја потврди.


Силата силува додека правдата милува.


Во модата и политиката без пеглање нема цврста линија.

Шалтерот е само навидум граница на бирократската моќ.


Бирократијата му дава печат на времето.


Работното место му е идеално, нема врска со стварноста.


Паркираните кочат.


Далтонисти го фарбаат.

Човекот е како семафор, кога е зелен сите го врват.


Луѓето се како балони, затоа секој не е за прикачување орден.


Бесмртни! Нè умревте.


Еден ден сите ќе бидеме земјаци.


Во пеколот греењето е бесплатно.


Илустрации: Francesco Ciccolella


 

ОкоБоли главаВицФото