Чудила се мила мама кому да ме даде

18.10.2020 10:31

Чудила се мила мама,
кому да ме даде?
да ме даде за бакалче,
ја бакалче нејќам!
Бакалче е како глушец,
од вреќа на вреќа.

Чудила се мила мама,
кому да ме даде?
да ме даде за даскалче,
даскалче нејќам!
Даскалче е како куче
од село на село.

Чудила се мила мама,
кому да ме даде?
да ме даде за мајсторче,
ја мајсторче, нејќам!
Мајсторче, е како петле,
од греда на греда.

Чудила се мила мама,
кому да ме даде?
да ме даде за одларче,
ја одларче нејќам!
Одларче е црно лице,
како на ѓаволче.

Чудила се мила мама,
кому да ме даде?
да ме даде за рибарче,
ја рибарче нејќам!
Рибарче е како крапче,
над вода – под вода.

Чудила се мила мама,
кому да ме даде?
да ме даде за гајдарче,
ја гајдарче сакам!
Он ќе свири, ја ќе играм,
ќе се погодиме!

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото