Човеков треба да добие ново директорско место во друго јавно претпријатие?

21.10.2020 10:45
Човеков треба да добие ново директорско место во друго јавно претпријатие?

Според Законот за јавните претпријатија, Ејуп Рустеми до сега требало да биде:
- повикан на одговорност заради повеќекратно поднесување на негативен извештај за работа (член 5 од Законот за јавни претпријатија)
- повикан на одговорност од страна на Управниот одбор (член 19 и 24 од Законот за јавни претпријатија)
- повикан на одговорност затоа што не ги отстранил негативностите во работењето во рок од 6 месеци (член 23-а од Законот за јавните претпријатија)
- да одговара солидарно и неограничено за нанесената штета (член 24 од Законот за јавните претпријатија)
- разрешен од функцијата (член 24-а од Законот за јавните претпријатија)

Според мене во овој случај треба да се разгледа можноста за покренување постапка врз основа на член 353 од Кривичниот законик - Злоупотреба на службената положба и овластување.

Мислењата се поделени.

Според моето мислење уништено е јавно добро, нанесена е огромна штета и едно јавно претпријатие е доведено до пропаст. Во таква ситуација тој кој што раководел треба да биде санкциониран (Управен одбор, Надзорен одбор и директор).

Мислењето на Владата е дека овој човек треба да добие ново директорско место во друго јавно претпријатие.