Правењето бодликави прасиња изискува секакви видови дејствија

22.10.2020 12:30
Правењето бодликави прасиња изискува секакви видови дејствија

Како човек кој повеќе од 30 години го проучува северноамериканското бодликаво прасе, Алдиз Роуз нема претстава колку пати го чул овој виц:

-Како се размножуваат бодликавите прасиња?
- Многу внимателно.

Тој одговор е „точен, но не многу просветлувачки“, вели Роуз, професор по биологија во пензија од њујоршкиот колеџ Квинс. Во реалноста, ритуалот на парење на животинчето Erethizona dorsatuma е многу сложен, долг и... влажен.


Годишната сезона на парење на овој вид е во рана есен. Женката од своето одбрано дрво лачи мирис, со што сигнализира дека е подготвена за парење. Мажјаците привлечени од мирисот меѓусебно се борат по гранките на дрвото и на земјата под женката. Оној кој нема д абиде нокаутиран освојува право на парење – но заведувањето се уште не е завршено.

За да предизвика целосна надразнетост кај женката, мажјакот ја прска со моч, по неколку капки одеднаш. Мочта шприца така силно, што и во случај мажјакот и женката да седат на различни гранки од дрвото, моѓта стига до неа. Мажјакот го прави тоа со часови, се додека женката не стане расположена. Потоа двајцата обично слегуваат од дрвото за да се парат.

При парењето бодликавите прасиња може да бидат и повеќе од несмасни. Но, кога е подготвена, женката го витка опашот преку својот бодликав грб, така што долната страна на нејзиниот опаш, која е без боцки, гледа нагоре. Така мажјакот може да ги спушти шепите на таа подлога додека се парат.

Околу седум месеци подоцна женката раѓа обично едно младенче. Бодликавото прасенце се раѓа со сите боцки, но замотано во амнионска ќеса која ја штити мајката од боцките на младенчето.

Извор: National Geography