Солун е ваш, а Скопје е наше (2)

09.12.2010 13:58
Солун е ваш, а Скопје е наше (2)

слика горе: Валхала, Лео фон Клензе


За расизмот на неокласицистичките артикулации на митот за древна Грција како „отелотворение на чистото детство на Европа“ и за тевтонството на неокласицистичка Атина

Како што веќе спомнав во мојата претходна статија, неокласицистичка Атина е производ на доминантните идеолошки, архитектонски, теориски и интелектуални дискурси и пракси на 19-вековна Европа, со кои грчките националисти заедно со западноевропските колонијалисти се обидуваат да ја спојат крајно разочарувачката слика за тогашна Грција со митот за славата на древна Грција. Едноставно речено, по скопски, грчките националистички интелектуалци се шлепаат на потребата на западноевропските колонијалистичките интелектуалци да измислат еден мит за „супериорноста“ на древна Грција во однос на која било друга древна култура или етничка група, и како таква да ја постават како колепка на, нели, повторно „супериорната“, европска модерна цивилизација. За да си ја обезбеди и одржи независноста, тогашна Грција била обилно советувана да докаже дека е дел од заедничкото европско минато и од заедничката европска сегашност преку грчката имплементација на тогашната доминантна архитектонска мода во Европа - неокласицизмот.

Цел куп архитектонски, археолошки, интелектуални, идеолошки и политички пракси, кои ќе ги опишам поопширно подолу, се впрегнати во докажувањето на вредноста и европејството на модерните Грци кои се восприемани во западна Европа на многу расистички начин. Неколку примери: романтичарот Лорд Бајрон (Byron), кој заедно со Грците ќе се бори против отоманските Турци за независна Грција во првите децении на 19 век, во еден расистички излив ќе ги опише модерните Грци како „неморални отпадоци на средновековните словенски миграции, кои ја валкаат земјата во која се родени со бесот на нивната политика и со деформациите на нивните мали кафеави тела“ (цитирано во Читам: Cheetham, Medieval Greece, New Haven: Yale University Press, 1981, сите преводи од англиски овде се мои). Баварскиот историчар од 19 век, Јакоб Филип Фалмераер (Jakob Philipp Fallmerayer), исто така истапува со слична расистичка, едновремено славофобна, гркофобна и албанофобна теза, за тоа како модерните Грци по неколкуте брана инвазии од страна на Словените и Албанците немаат „ниту капка [древна] грчка крв што тече во [нивните] вени“ (цитирано во Панургија, стр. 178, референцата за неа веќе ја наведов во мојот претходен текст).

Шкотскиот просветителски философ, утилитарист и еден од главните интелектуални апологети на британската колонијалистичка експанзија во Индија, Џејмс Мил (James Mill) во првото издание на вториот том на неговата The History of British India (објавена за првпат 1818) ќе ја опише „жалната“ состојба на Грците од источната, византиска империја како „варварска деградација“ предизвикана од нивното потчинување од страна на Турците во која тие „прпелкаат до ден денес“ (стр. 116). Според Мил - чија единствена цел, патем речено, во оваа „историја“ на британска Индија е да „докаже“ дека Индусите отсекогаш биле „примитивни“ и „варвари“ оти немаат „вистински“ документи-докази за својата историја - најголемото постигнување на Турците е да ги „симнат“ „цивилизираните“ Грци на турското „ниско“ и „варварско“ ниво. Мил е еден од илјадниците примери на автори-произведувачи на знаења за потребите на колонијалистичките експанзии на западните либерални национални буржоазии во Азија, Африка, Америка, Австралија, и многу други региони. Мил, како и многумина други интелектуалци по цела западна Европа, ги подигнува интересите, моралот, вкусовите, искуствата, начинот на живеење и деловната философија на европските богати класи во „врховна“ политичка философија и мерило за „цивилизираноста“ на цели етнички групи, нации, религии и култури, со кои се оправдува западноевропското колонијално владеење по светот и империјалистичката политика кон Отоманската империја.

Митот за древната Грција како „отелотворение на чистото детство на модерна Европа“ игра клучна улога во барањето на „севкупни докази“ за историската супериорност на „западната“ цивилизација како оправдување за колонијалната експанзија и месијанската улога на истата. Бидејќи античка Грција е конструирана како вакво „отелотворение“ во колонијалните европски дискурси, дефинирањето на изворите на античката грчка цивилизација е дефинирање на самото европејство. Во брилијантната постколонијална критика на градењето на овој мит во модерните европски историографии од 19 век, Мартин Бернал (Martin Bernal) одлично го истражил стратешкиот политички карактер на радикалното померување во начинот на кој древна Грција се врамува во овие историографии (погледнете ја неговата Black Athena: The Afroasiatic Roots of the Classical Civilisation во 4 тома, посебно првиот том насловен The Fabrication of Ancient Greece, London: Free Association Press, објавена во 1987). Според него, овие историографии во 19 век го заменуваат „античкиот модел“ според кој античките Грци и нивната култура во класичниот и хеленистичкиот период се резултат на древно-египетски и феникиски колонизации и културни влијанија од Блискиот исток со тезата за „ариевскиот“ карактер на темелите на античката грчка култура. Модерните европски историографии од 19 век почнуваат забревтано да го градат овој алтернативен „ариевски“ модел за изворот на културата на античка Грција, која според нив е резултат на инвазијата на „расно чистите“ Хелени, или Елини, од северот на Европа. Според „ариевскиот“ модел, античка Грција е резултат на индо-европски влијанија, наместо на африкански и семитски. Германски археолози, историчари и компаративни филолози како Клопшток (Klopstock) предничат во ова.

На овој начин расната или етничката мешавина од која произлегуваат античките Грци е заменета со расистичката теза за „незагаденото европејство“ на античките Грци и со постојано девалвирање на влијанието на древно-египетските и феникиски култури врз идентитетот и културата на античките Грци. За Бернал, овој темелен историографски пресврт треба да се разбере во контекст на евроцентризмот на романтичарите како Бајрон, 18- и 19-вековниот институционален расизам на европските општествени науки и хуманистика, и на христијанската анксиозност околу признавањето на важноста на древен Египет за античката грчка култура од страна на самите древни Грци. Целата фукоовска поента на Бернал е да разбереме како академското редефинирање на изворите на античката грчка цивилизација е под големо влијание на – и директно придонесува за нивно легитимизирање – хегемонистичките, расистичките, анти-семитските и исламофобните дискурси на 19-вековна Европа (за ова исто така погледнете ја одличната книга на A.M. Smith, New Right Discourse on Race and Sexuality, Cambridge: Cambridge University Press, објавена во 1994, стр. 127).

Еве сега, кога додадов уште неколку контекстуални слоеви за разбирање на грчкиот неокласицизам, ќе се свртам поконкретно кон градењето на неокласицистичка Атина. Како што читателите веќе можат да насетат, градењето на модерниот грчки етнички и национален идентитет е директно поврзано со градењето на модерниот германски етно-национален идентитет. Веќе споменатиот Маурер одлично ја илустрира спрегата помеѓу двата национализми кога ги советува Грците во 1836 дека „сè што Грците треба да направат за да бидат она што биле е да ги имитираат Германците“ (во веќе претходно цитираната Панургија, стр. 174). За Панургија советот на Маурер не е никаков виц, туку многу сериозен предлог и поттик за грчките интелектуалци да градат новогрчка класицистичка Грција по урнекот на една митологизирана и замислена „Германоелада“ што постои само во гореопишаните „ариевски“ наративи за древна Грција. Градењето на германскиот национален идентитет, како што покажува Панургија, се гради врз 19-вековното германско ничеанско разбирање на концептот за мимика-мимеза (стр. 174). Лаку-Лабарт (Lacoue-Labarthe) одлично го синтетизира концептот за мимеза на Ниче (Nietszche) на начин кој овде заслужува подолг цитат:

Колку повеќе свесно, активно и конструктивно имитирам (во смисла на имитирање кое е својствено на автентичен актер, кој ниту во еден момент не се потчинува на својот модел, ама, напротив, го елаборира - како што Дидро (Diderot) вели) толку повеќе самиот се конструирам себеси. Автентичната мимеза е повнатрешнување на моделот (“History and Mimesis”, во Looking after Nietzsche, уредник L. A. Rickels, Albany: State University of New York Press, 1990, стр. 222).

Цитатов одлично го прикажува односот на Германците кон древна Грција како модел за градење на модерна Германија. Лео фон Кленце (Leo von Klenze), кој како архитект на нова Атина и Минхен им се придружува подоцна на браќата Хансен, ја гради неокласицистичка Атина по сништата на Лудвиг I, тогашниот крал на Баварија. За баварскиот крал неокласицистичкиот град претставува создавање средина што ќе ја престави (репрезентира) граѓанската природа на модерната држава. За него духот на граѓанската посветеност кон својата држава најдобро се изразува преку архитектурата на хеленистичкиот полис (Панургија, стр. 174). Тоа што огромното мнозинство од оние што живееле и работеле во древните грчки полиси немале никаков (како робовите) или скоро никаков граѓански/државјански статус (жените воопшто, посебно оние што припаѓале на пониските слоеви на слободни граѓани) воопшто не фигурира во ваквите идеолошки конструкции на неокласицистичката архитектура. Оваа идеја ја прифаќаат многу европски кралеви, француските интелектуалци на Наполеоновата империја и американските револуционери.

За врските помеѓу грчкиот и германскиот национален идентитет веќе постојат обемни истражувања (Е.M Butler, The Tyranny of Greece over Germany, Boston: Beacon, 1958; Artemis Leontis Topographies of Hellenism: Mapping the Homeland, Ithaca: Cornell University Press, 1995; и посебно студијата на V. Lambropoulos, The Rise of Eurocentrism: Anatomy of Interpretation, Princeton: Princeton University Press, 1993). Како што Панургија убедливо покажува, огромен е степенот на инволвираност и инвестирање на германски интелектуални, философски, национални и архитектонски движења во креирањето на модерна Грција како одраз на утописка Германија (стр. 168).

Во модерното креирање на неокласицистичка Атина предничи влијанието на германското националистичко движење за заштита на културното и архитектонско наследство на германските градови наречено Heimatschutz (во превод: „заштита на татковината“). За ова движење од централно значење е градскиот и селскиот архитектонски пејсаж, кој е главната референца за концептуализирање на она што значи да се биде Германец и од ова следи многу строгата контрола за она што смее да се гради во градските и селските средини. Оттаму и архитектонската хомогеност на 19-вековните германски градски и селски заедници, што за националистички настроените интелектуалци, политичари и архитекти е причина за голема гордост, ама за многумина од нас кои живеат во космополитски мегалополиси во новиот свет тоа е извор на голема естетска досада. По влијанието на ова движење Атина е ставена под неокласицистички „конец“ по тевтонската замисла за тоа како Атина изгледала во древното минато и како би требала да изгледа во 19-вековната сегашност. Сè што не е под овој конец се руши, како на пример големите делови на средновековна отоманска Атина со нејзините тесни, врвулести и живописни улички.

Под големо влијание, исто така, и на француската деструктивна манија во периодот по Француската револуција помеѓу 1789 и 1820, кога се „рушат сите [француски] споменици што потсетуваат на феудалност (feodalite) и сите објекти кои евоцираат спомени за деспотизмот“ (во Papageorgiou-Venetas, A. Continuity and Change: Preservation in City Planning, New York: Praeger, 1971, стр, 40, цитирано во Панургија, стр. 169), се рушат речиси сите отомански архитектонски елементи во Атина и во цела Грција како белег на „ориентален“ феудализам и деспотизам. Маурер и фон Кленце ја користат целата своја енергија и углед да го спречат грчкиот крал Ото во неговата аздисана желба да ги сруши сите византиски цркви во Атина за да ја покаже убавината „на класичните споменици со кои тие се граничат“ (Панургија, стр. 169).

Кога даваме суд за неокласицистичката Атина мораме да ја земеме предвид интелектуалната и политичката атмосфера на 19-вековна Европа. Додека деструктивните културни и естетски пракси на националистичкиот грчки неокласицизам се политички коректни во 19-вековна Европа, во денешна Европа после децениите на деконструкција и постколонијална критика на историјата на 19-вековна Европа ваквата културна политика би наишла на згрозување и остра критика во мнозинството етаблирани европски и воопшто „западни“ академски и политички кругови. За жал, идеологиите што го сочинуваат атинскиот неокласицизам, иако политички некоректни во Европа од 21 век, сè уште се живи во центарот на западна Европа, како што неодамна сите имавме прилика да видиме низ примерот на швајцарскиот референдум со кој се забранува градење минариња во швајцарските градови. Одзиви од истите идеологии имало и кај креаторите на урбанистичката политика на Скопје, како што веќе напиша Срѓан Јовановиќ Вајс за Abitare после земјотресот, кога некои од креаторите сериозно се залагале за уништување на „ориенталниот“ и за многумина скопјани најживописниот карактер на Скопје.

Во контекст на историјата на европскиот, и посебно грчкиот неокласицизам, која овде се обидов да ја раскажам колку што можам пократко, нашите муслимани правилно насетуваат дека креаторите на „Скопје 2014“ им велат дека тие како муслимани по дефиниција не се Европјани, ниту можат да бидат вистински граѓани на европско Скопје, бидејќи целата приказна и естетика на неокласицизмот е постојано негирање и девалвирање на исламските, арапските, отоманско-турските, африканските и блискоисточните влијанија врз модерната европска цивилизација. Со оглед на бремето на расизам, мизогинија, исламофобија, антисемитизам, колонијализам, империјализам и хомофобија (за ова последново поопширно во друга прилика) што го носи неокласицистичката естетика, дали навистина сакаме да и’ испратиме една анахрона порака на демократската и социјално инклузивната Европа од 21 век? За голем број скопјани одговорот е едно големо „НЕ“. А за тоа зошто отпорот кон „Скопје 2014“ е легитимен, многу поконкретно во мојот следен напис.

За првиот дел на овој текст, кликнете овде.

Не го ни читав текстот, одма

Не го ни читав текстот, одма се фрлив на крајот да ја прочитам само паралелата со Скопје нели. И што да видам, муслиманите во Скопје не биле задоволени од планот 2014?! Или да го цитирам: "НАСЕТИЛЕ дека неможат да бидат граѓани на Скопје". Како дошол до тој заклучок авторот не ми е јасно, со кое чувство тоа го насетил кога најголемите партии на албанците, како најбројни муслимани во МК, не се бунат за проектот. Единствено онаа невладина организација која сакаше и џамија на плоштадот и која како последно побара и кантонизација на Македонија, беше за ако има црква да има и џамија! Значи ниту најрадикалните не се против планот генерално! Дали авторот на текстот е ЗА џамија на плоштад, или само лиже гз кај муслиманите, или пак сака насила да им монтира незадовоство.. или пак повторно сторијата е удар со својот пендрек поглаа?!

Неутрал, пак почна да се

Неутрал, пак почна да се расфрлаш со својата екстремна необразованост, со својот идиотизам и игноранција. Како, бе, билмезу, коментираш непрочитан текст?! Антиквизацијата на Атина во почетокот на 19 век (а тоа подоцна се повтори и во Белград и на разни други места) значеше збришување до камен на кое било исламско присуство во Европа. Неокласицизам=Европа=да му ебеме матер на исламот. Читај, будало! Дури и фашизмот е инспириран од романтичните идеи за расата и антиката (ариевци, антички Грци, а не дегенерирани цигани од Египет, Месопотамија, Персија итн.).
Ама Златниот-Црниот (ко и вие, идиотите, неговото стадо) појма немате за сево ова, така?! Некои злобници, предавници и соросоиди, мамицата нивна, ви зборат фашизам-машизам... А ние само наивно си го славиме Александра, за инат да пукнат локалните комуњарски предавници и непријателските грчишта!
Абе, идиоти... Џабе и текстови ви пренесувамe, џабе ве учиме, сировица е суроица...

Кого учиш ти бе дебилу ни

Кого учиш ти бе дебилу ни еден, а кого, колку години ја имаа власт твоите комуњари ?? Што го научија народот, поточно што научи ти кретен ни еден. Доколку нивното учење беше за доброто на Македонија дали народов ќе се одлучеше за алтернатива.. Идиотиште од ваквите како тебе никогаш комуњарите нема да се вратат на власт. Дај да видиме што ти ги учиш закржлавениве вмровци, дај презентирај блог или каде и да ги пишуваш твоите ставови и мислења.

Абе сељачиште фрустрирано,

Абе сељачиште фрустрирано, каде виде во Скопје дека се брише нешто муслиманско или отоманско ко што велиш?! Идиоту, прашувам како тоа муслиманите во Скопје насетиле дека неможат да бидат граѓани на Скопје?! Тоа објасни ми и дај ми примери, а не да ми дробиш глуписти неокласицизам, роко бароко, дегенирани цигани, Египет, Персија...
Кретену, не ми треси зелени, одговори ми на прашањатa, а бидејќи ќе немаш што да одговориш, освен гнасни навреди, затрчај се од кале, струполи се доле до камени и фрли се во Вардар, стоко простачка!!!

Кољо Гелевски, ај те молам

Кољо Гелевски, ај те молам покажи барем најоснова култура на дискутирање. Ако не си способен нормално и културно да се изразуваш има планини и професии соодветни за твоето културно ниво.

Момче, Курпушијада Сорос,

Момче, Курпушијада Сорос, знаеш ли, бе, ти, јаден батка, невидлива пропагандна гнидо, ползечка глисто од дебелото црево на преродбата (негде мора да ве сместат, а вие би на топло), колку е важно името?! И името на чоекот-поединец, и името на колективот, племето, нацијата, државата?! Знаеш ли, бе, тоа, јаден (додуше невидлив, ал се осеќа) твору?! Да знаеше, батка, што е име, и колку тежи името - зар ќе се наречеше толку автентично огледалски (ние не те глеаме, али ти со другите глисти у дебелото црево - се огледуеш, изглеа, од нив?!): Курпушијада Сорос?! Што може чоек да расправа со креатура што се вика Курпушијада?!
Види, батка, ја знам дека си ограничен и сјебан (ретко кој нормален го поддржуе забеганиот груевизам); и не ти се ситам нит те понижавам што си глуп и изгубен (и у суштина предавник на Македонија, оти си следбеник на мафијашката фамилија... што следбеник? Бранител бе! Преторијанска гарда, бе! Спремен да гинеш - ах, гревче); повторуем, не ти се ситам и дур ми е малку и жал (ах, Курпушијада - какво трогателно самопонижување, ќе те погалев да ми беше при рука:). Ама ти ја даам лекцијава чисто да сфатиш - суштински, не низ шашмите на лудиот Златниот-Црниот, кој божем на фората на името само ги трупа милионите за фамилијата - КОЛКУ Е ВАЖНО ИМЕТО! Да сфатиш колку е важно да се мисли, да се расчленуе, да се согледа најдлабоко можно позицијата на ДРУГИОТ (наречи го комуњар, Грк, шипос, ариевец, предавник итн.). Тоа, јаднику, отсуствуе кај вас припадниците на глисти-фауната.
Но, добро. Го посетуете Окно, чат-пат нешто и ќе влезе во празните и бесни глави (мада Неутрал загрижуе, бега од часови, не чита лектири и лудуе). Емпатиски поздрав, батка, ИМЕТО Е ПОРАКА!:)

Каде ли погрешија сдс со

Каде ли погрешија сдс со браинстормингот види што искочило, дури ни окнашиве не го подржуваат, најголемата смешка на окно, убаво е кога има некој да ги забавува читателиве

Ваква утепана лева идеологија

Ваква утепана лева идеологија е она што ќе не дотепа во наредниве неколку децении ако, скраја да е, се развие еквивалентно на онаа во западна европа и америка после "постмодернистички начитаната" иницијална левица таму од 80 и 90тите. после ќе гледаме сеир и кај нас кога некој ќе ја претепа жената а судот ќе го ослободи поради тоа што тоа е сосема нормална културна пракса за него (како случајот во германија неодамна), или кога парите од мојот данок ќе одат кај медијатор од бит пазар кој споровите ги решава со помош на шеријатот (во британија веќе оприраат медијатори кои парт тајм вртат ќебапи, а после шеријатски посредуваат во решавање спорови).

Деца, Унијо на млади сили,

Деца, Унијо на млади сили, стварно е супер што го посетувате порталов (иако, знам, некои текстови ви се тешки за читање). Глејте, текстот на Ламбевски не збори дека во „СК 014“ сосема се пресликува матрицата на градењето на „античка“ Атина од почетокот на 19 век. Збориме за аналогии, културни матрици, структурни сличности... Денес е сосема невозможно да ги дигнеш во воздух сите џамии во Македонија (како што масовно се правело низ Европа пред 100, 200, 300 години). Денес не можеш да убиваш хомосексуалци, со судски пресуди, како што се правело во Европа речиси до почетокот на 19 век (а во Британија дури и во првата половина на 19 век). И Коља коа ви збори за матриците на фашизмот (моделите, политичките сличности во полето на популизмот, пропагандата, исклучивоста, повикувањето на древните корени, омразата кон Другиот, создавањето непријатели и конспирации итн.)не ви збори за концентрациони логори и милиони убиени Евреи, Роми, комунисти, хомосексуалци итн. Ви збори за структурни сличности. Ве подучува. За колку-толку да ви дое памет у глаа.
Во првите две продолженија Ламбевски уствари малку збори за односот ислам-христијанство, т.е. ислам-Европа. Тоа е голема тема, навистина, за која има огромна литература. Фокус на неговиот текст е изградбата на грчкиот модерен идентитет (пред повеќе од 200 години) со помош на приказната за античките корени на Гркот (т.е. Европјанецот), приказна која ја ширеле германските, француските и англиските археолози и историчари во тоа време. Дел од таа приказна е тогашната борба против Турците и исламот.
Страшно е што во современа Европа една гротескна, културно сосема изгубена (но во својот пљачкашки поход многу добро ориентирана) груевистичка екипа го повторува тогашниот гест на Грците (од пред 200 години) и се обидува да им усади ист таков (неокласицистички, хеленски) идентитет на современите Македонци!
Значи, деца, Унијо на млади сили, тој гест на актуелната македонска власт - е понижувачки за секој граѓанин на Република Македонија. Навредлив е во својот агресивен културен инженеринг (затуцан, кичест, малограѓански). Тоа е темата на муабетот.

Ние од УМС на зелениково

Ние од УМС на зелениково немаме ич никаков приговор против критиката на грујо, антиквизацијата, наметнување идентитети и слични чуда. ние како Це-Ка на локалните УМС само сметаме дека припаѓаме на западната култура, иако сме источно од градот, и ги вреднуваме нејзините придобивки без ич да се срамиме од нив. не чувствуваме вина ни што сме бели, ни што сме воглавно мажи, а секеако не затоа што припаѓаме на западната, колонизаторска, индијанско-зулу екстерминаторска култура. ние ги вреднуваме придобивките од модерната, воглавно технолошкиот и научниот прогрес, кој ми овозможува од трактор да и се јавам на жената да прашам што има за ручек, и воедно ми дозволува повеќе од двојно долго да живеам во споредба со генерацијата на нашите дедовци. во тој смисол, УМС на зелениково високо ги вреднува придобивките на западната цивилизација, вклучувајќи ја слободата на говор а богами и секуларноста или уште подобро збогување со религијата фор гуд. затоа, ако некој како нас, не сака минариња, шеријати и тоалетна вода, треба да има слобода да го каже тоа, и ич да не му чуе. ако некој не се чувствува европјанин поради тоа, нека не се чувствува и крај. сите култури не се еднакви, некои се едноставно подобри од другите. ова можеби го објаснува фактот што не голем број холанѓанки емигрираат во сауди арабија.

За крај, ние од УМС на зелениково окно го читаме само поради што мирко попов чита окно, и спорадично коментира овде и така знаеме дека овој великан на музичката и култирна сцена не води низ квалитетни содржини во сајбер просторот.

 zvuchite izvonredno bistro i

 zvuchite izvonredno bistro i razumno. rechisi kako da ne ste del od politichka partija. ke glasam za vas na slednite izbori :))) pozdrav

 Mirko Popov

 Kurpushijada e moja

 Kurpushijada e moja ideja/zbor (www.kanton6.wordpress.com) ++ twitter topic vekje podolgo vreme, koj go smisliv i razvivam paralelno so nekontroliraniot broj na "...ijadi" vo nashava zemja. Kurpushijada e noviot singl na mojot bend Kanton6. inaku se odnesuva na GLAVNATA duhovna disciplina na makedonskiot narod na pocetokot na 21vek. Vashata diskusija pod ovoj odlichen tekst e maksimalno grozna i VERNO JA ODRAZUVA edna od poentite na mojata ideja za Kurpushijada. Momcheto koe se sluzi so Kurpushijada normalno ne ja kapira smislata na zborot vo celost i ja zloupotrebuva za svoi tesni interesi (moralnoto nivo na prosechen makedonec). Nemam namera da ja patentiram idejata, pa moze koj saka kako saka da ja zlo/upotrebuva. Sepak bi sakal da go pokanam momcheto da uchestvuva na PRVATA CENTARSKA KURPUSHIJADA i zaedno so mene i ONOJ SIMPATICHEN NACHALNIK KOJ LICHI NA SVINJA da chillira vo VIP area so opushtenite zvuci na chill folk-ot.
 
Golem pozdrav i samo napred so groznata diskusija. Prava KURPUSHIJADA!

 Mirko Popov

",,,бидејќи целата приказна и

",,,бидејќи целата приказна и естетика на неокласицизмот е постојано негирање и девалвирање на исламските, арапските, отоманско-турските, африканските и блискоисточните влијанија врз модерната европска цивилизација."

WTF!? Значи ако нема некое минаре у приказнава тоа е расизам? По ѓаволите и морските длабочини мислам дека намирисав празноглав "либерал"! Дефиницијата за празноглавиот т.н. либерал е следната - човек кој е неприфатен од својата средина и пробува да ја нервира со тоа што лепи етикети од типот расисти, националисти а воедно ги негира достигнувањата на културата на која припаѓа а ги велича достигнувањата на туѓите култури затоа што да потсетиме не е прифатен кај "своите". Не сум знаел но еве сега научив дека архитектурата треба да биде политички коректна. Стварно што е со овој неокласицизам? Расистички е! Нема ништо арапско во него! Боже боже...па уште граѓаните рекле големо НЕ на проектов. Хах од каде тие податоци ЧОЕЧЕ(м.з.коља)? Дали е тоа поради фактот што нема ништо отоманско во градбите?

Вагнер, будало, тоа „чоече“

Вагнер, будало, тоа „чоече“ нема блага врска со Коља. Тоа збори, идиоте, за твоите знаења и извори на образование (партијата, општинскиот штаб, Латас, Јадибурек и Еднооки - се извинувам ако нешто забораив, ама тука сме, више-мање). Што се плеткаш, бе, интелектуална вошко, кајшто не ти е место?! За што моеш ти, дебилу, лебати, да разговараш?! За неокласицизам?! За историскиот однос ислам-христијанство?! ЗА либерализам?! За проблемот на антиката во европската култура?! За идентитетските прашања низ призмата на грчко-македонскиот спор?! За што, бе, Вагнер, јебени идиоте!? Абе вие во целата партија десетмината најпаметни да ги соберете, па пак нема да исквачите минимум граѓанска (да, и либерална) интелигенција, соодветна за времето и просторот... Цело време зборам: какви гниди ја водат државава, сосема соодветно е Вагнер и слични идиоти да тупат национални политики... Да му се слоши на чоека...

Ао ти вака начитан си многу

Ао ти вака начитан си многу штом користиш вакви фрази? Ќе прочитате една книга и мислите сте попаметни десет пати од некого? Читањето не прави некого попаметен (иако верувам дека ти севкупно 10 книги во животот имаш прочитано). И пак не одговори на моите прашања туку хистеришеш, што ја потврдува мојата теза за "либералите". А да и тоа заборавив во манир на најголеми фашисти другите ги етикетираат за дебили, под нивно ниво? Нешто као едниве се надлуѓе другите се шупци. Звучи познато? Јес, фашизам. А иначе може драг хистеричен пријателу, стуткан во некој подрум, да дискутираме за што сакаш ако имаш желба се разбира. Едноставно тоа што некој како овој Ламбевски кој со ништо не го навредив и сметам дека се помачил да состави некој текст и го поздравувам, но за разлика од тебе не сметам дека треба да мастурбирам на текстот и да го прифатам како овца како што веројатно правиш ти.
P.S. Ебати исламистот кикикики

уште еден пост

уште еден пост скриптум
излези некогаш надвор радувај му се на животот не мора да чекаш геј паради за да прошеташ.

Ja mislam deka Brazilija

Ja mislam deka Brazilija treba da se srusi zasto e gradena pod konec.

Точно бразилија е чист

Точно бразилија е чист расизам пошо го игнорира исламскиот елемент во модернизмот и си поигрува со чувствата на муслиманите во бразил (види Жаде - А1 телевизија).

ОкоБоли главаВицФото