Вие спасете се, за мене е прекрасно

25.10.2020 21:47
Вие спасете се, за мене е прекрасно

 

Со себе сум ради изгледот.


Изгледот амбалаже.


Злободна сум.


Во кјутот на младоста сум.


Не сум нефотогенична, камерата не знае што пропушта!


Не можам да си дојдам на ред од себе.


Глупост е да преземеш сѐ во свои раце, а да се испуштиш себеси.

 

Немањето живот ме кошта три животи.


Работата ми влијае лошо на биоринтам.


Мораш да почнеш да си повторуваш дека вредиш, ситуацијата е алалмантра!


Чувај се, ќе си се најдеш за нешто.


Вие спасете се, за мене е прекрасно.


Не сум пијана, имам говор на меана.


Иако имам дислексија, гатачката ми предвиде блесавка иднина.

 

Се буткаме на јазик.


Стој! Да не си ми се приближил ни збор повеќе!


Извини за рефренов, нема да се повтори.


Едно е да си длабок, друго е да си удав.


Ќе те чувам ко цркната во очите.


Можеби имаш проблем, ама барем е твој.


Колку е мал проблемов, можам мајка да му бидам.

Колажи: Jaco Putker

ОкоБоли главаВицФото