Секоја вест на тест - Денови на медиумска писменост

26.10.2020 12:42
Секоја вест на тест - Денови на медумска писменост

Од 26 октомври до 2 ноември ќе се одржи второто издание на Деновите на медиумска писменост (ДМП), организирани од Мрежата за медиумската писменост.

Во текот на ДМП 2020, сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност да се вклучат во активностите предвидени со овогодишната програма, кои вклучуваат: работилници, дебати, вебинари и други он-лајн настани фокусирани на различни аспекти од медиумската писменост.

Поради присутната Ковид-19 пандемија, настаните од ДМП 2020 ќе бидат целосно организирани и спроведени на Интернет, следејќи го примерот на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО (24 до 31 октомври).

Ова е вторпат нашата земја да се вклучи во одбележувањето на Глобалната недела во рамките на која УНЕСКО годинава упати повик до сите граѓани да се спротистават на дезинфодемијата користејќи ја медиумската писменост како моќна алаткa и, без ралика каде живеат и работат во светот, да земат учество во настаните посветени на медиумската писменост.

Во рамките на Деновите на медиумската писменост 2020, проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“ спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“, со поддршка од Европската Унија, организира два јавни настана – панел-дискусии во формат на вебинари:

28 октомври во 14 часот: Резултати од истражувања за медиумска писменост и критичко мислење и искуства од терен. 29 октомври во 11 часот: Борба против дезинформации, во услови на пандемијата на ковид-19 и пошироко.

ОкоБоли главаВицФото